Европски ФудбалФудбал

36-годишниот Бразилец го продолжи договорот со Сити: Во мојата глава, работата сè уште не е завршена

Бразилскиот играч за врска Фернандињо требаше да го напушти тимот на Манчестер Сити на крајот на претходната сезона, но на крајот беше одлучено да се задржи уште една.

Денес продолжувањето на соработката е официјално до крајот на сезоната 2021/22, а Фернандињо објасни зошто донел ваква одлука.

„Во мојата глава и во умот, работата сè уште не е завршена“, изјави 36-годишниот Бразилец, кој е на крајот од својата кариера.

„И затоа решив да останам тука уште една година и да се обидам да му помогнам на тимот и на клубот да ги постигнат целите што ги бараат. Од моја гледна точка, можеме да го сториме тоа. Сè уште има простор за подобрување и постигнување на овие цели. И очигледно, за мене и за моето семејство е задоволство да останеме уште една година во Манчестер“, истакна Фернандињо, кој е во Сити од 2013 година, кога пристигна од Шахтјор за 40 милиони.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!