Денес ќе се одиграат натпреварите од 17. коло на Првата македонска фудбалска лига, коло кое требаше да се одигра во неделата, но беше одложено за денес, а како што информиравме веќе истото, како и 18. коло од есенскиот дел ќе се одиграат без публика.
Потсетуваме за главните судии кои ќе ја делат правдата на денешните натпревари, кои стартуваат во 13 часот, а за што веќе информираше Спортска Мрежа.
Игор Иванов ќе им суди на Вардар и Тикеш, Марјан Младеновски ќе го суди дербито меѓу водечките Гостивар и Силекс, Јован Качевски ќе им суди на Воска Спорт и Шкендија.
Димитар Пилешков ќе биде главен на Чаир каде ќе играат Шкупи и шампионот Струга Трим Лум, Александар Ставрев ќе им суди на Пелистер и Беса во Битола, а пак Крумислав Ѓоргиев на Брера и Работнички.
- ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 17. КОЛО ПРВА ЛИГА:
Вардар – Тиквеш, Игор Иванов (Велес)
Гостивар – Силекс, Марјан Младеновски (Скопје)
Воска Спорт – Шкендија, Јован Качевски (Струга)
Шкупи – Струга Трим Лум, Димитар Пилешков (Штип)
Пелистер – Беса, Александар Ставрев (Скопје)
Брера – Работнички, Крумислав Ѓоргиев (Штип)