Фудбалерот на Каменица Саса, Тони Мичковски е во одлична форма по доаѓањето во Каменица Саса, 23-годишниот фудбалер од Берово на последниот одигран меч од 14. коло во Втората лига беше стрелец на еден гол, а на два беше асистент во победата на неговиот тим против Осогово во Кочани.
„Рударите“ играат во одлична форма и бележат одлични резултати во однос на ланската сезона кога во последното коло го изборија опстанокот. Мичковски кој во летниот трансфер период пристигна од редовите на Детонит Плачковица е во одлична форма, а во досегашниот тек од сезоната има постигнато пет погодоци.
Погледнете го погодокот на Мичковски во Кочани против Осогово и двете негови асистенции.
Во својата кариера покрај за Каменица Саса и Детонит Плачковица, Мичковски настапуваше за Беласица, Кожуф, Кит Го Пехчево, Малеш и младинските категории на Брегалница.