Поради лошите временски услови во Струга, спортската сала “Нико Нестор” прокисна, а со тоа нема да има услови за натпреварување, па затоа Струга натпреварот од 13. коло против шампионот Еурофарм Пелистер ќе го одигра Битола.
“Заради лошите временски услови во Струга, во салата Нико Нестор настанато е прокиснување од кровната конструкција на самиот терен. Се надеваме дека истото брзо ќе се санира. Утрешниот натпревар во Супер машката лига РК Струга – РК Еурофарм Пелистер, ќе се одигра во Битола, со почеток во 13:00 часот”, се вели во соопштението на РК Струга.
Шампионот Еурофарм Пелистер е голем фаворит на овој меч за двата бодови.