Пред одигрување на 11-тото коло лидер на табелата во Трета лига – Југозапад беше екипата на Преспа од Ресен. Вчера со воведниот меч кој го доби Кораби со 2:3 над Велешта за што информираше Спортска Мрежа, тимот од Дебар изби на врвот со 27 бодови или два повеќе од Преспа која сега е втора со 25 бодови, а пак Сатеска од Волино е трета со 23 бодови.
Овие три екипи се одвоија и ќе ја водат борбата за првото место и баражот за Втора лига.
- Што може да донесе комплетирањето на 11. коло?
Преспа да се врати на првото место со 28 бодови, ако триумфира во Охрид над новиот третолигаш Света Троица, со реми или пораз останува на второто место, но ќе зависи од исходот од мечот меѓу Влазними и Сатеска од Волино.
Сатеска може до второ место, ако Преспа загуби, а во тој случај ќе има само еден бод негатива во однос на Кораби.
Во секој случај денешното коло може да направи мали промени во врвот, но борбата за првото место и баражот за Втора лига ќе биде навистина неизвесна, односно ќе имаме неизвесна пролет во Трета лига – Југозапад.
- КАКВА Е СИТУАЦИЈАТА НА ТАБЕЛАТА КАЈ ПРВИТЕ ЧЕТИРИ ЕКИПИ?
| Поз. | Клуб | ОН | Поб | Н | Пор | ПОС | ПРИ | ГР | БОД |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | ФК КОРАБИ | 11 | 9 | 0 | 2 | 28 | 17 | +11 | 27 |
| 2 | ФК ПРЕСПА | 10 | 8 | 1 | 1 | 22 | 5 | +17 | 25 |
| 3 | ФК САТЕСКА с.Волино | 10 | 7 | 2 | 1 | 37 | 21 | +16 | 23 |
| 4 | ФК ЕВРОТИП ОНЛАЈН | 10 | 5 | 1 | 4 | 19 | 13 | +6 | 16 |