Втора лигаФудбал

Дерби од дното на Борец и Вардар Неготино: Трите бодови за излез од резултатската криза!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

В сабота ќе се одиграат натпреварите од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига, а оваа рунда носи дерби од дното на табелата меѓу Борец и Вардар Неготино, трите бодови силен императив и за двете екипи.

Борец експресно се врати во Втора лига, но како тргнале работита иако е рано може и експресно да се врати во Трета лига – Југ. Велешани имаат лоши резултати кои не им одат во прилог, а тоа беше и причина за тренерска промена, на местото на Љупчо Димитковски – Гања дојде младиот стратег Даниел Стојановски кој успеа да собере пет бодови.

Вардар Неготино победи во првото коло и дури во десеттото коло односно изминатата среда во вонредното 10. коло против Новаци, но дали неготинци се излегуваат од кризата одговор ќе даде натпреварот во Велес. Триумф и три бодови може да бидат знак дека тимот на Горан Тодорчев излегол од резултатската криза и пополека фаќа чекор за средишниот дел од табелата, а со тоа ќе направи разлика од опасната зона.

Борец е претпоследен со пет бодови на своето конто од десет меча има една победа и две ремија, со вкупно седум порази, а статистички Борец го има најлошиот напад со само пет постигнати погодоци, а одбраната е меѓу најлошите односно втора најлоша одбрана со 19 примени погодоци.

Вардар Неготино е на 13-тото место во безбедната зона, место над бараж зоната со осум бодови на своето конто, нападот на Вардар Неготино е далеку подобар со 12 постигнати погодоци, а пак одбраната има примено 16 гола.


Триумф за Вардар Неготино може да значи и скок до 12-тото место односно да заврши пред поранешниот прволигаш Скопје, но доколку „пиратите“ загубат на „Билјанини Извори“. Секако дека солуции прави и Борец, кој доколку победи би имал осум бодови и со тоа ќе се израмни со Вардар Неготино, но ќе го помине Осогово и ќе биде во бараж зоната, всушност Борец и со реми би бил пред Осогово, бидејќи „жетварите“ имаат претешко гостување кај големиот фаворит Башкими во Куманово, каде доколку Осогово извлече бод ќе биде навистина голем резултат како тој против Брегалница во Штип (1:1).

Во однос на меѓусебните дуели на Борец и Вардар Неготино двете екипи од 2018 година досега се соочиле четири пати, од кои трипати во Втората лига еднаш на пријателски меч. Исходот е четири од четири за Борец, па така Вардар Неготино ќе бара прва победа во меѓусебните дуели.

  • МЕЃУСЕБНИ ДУЕЛИ БОРЕЦ – ВАРДАР НЕГОТИНО:

29.09.2018: Борец 1:0 Вардар Неготино ВМФЛ
13.03.2019: Вардар Неготино 0:3 Борец ВМФЛ
20.04.2019: Вардар Неготино 0:4 Борец ВМФЛ
04.02.2023: Борец 3:1 Вардар Неготино Пријателски меч

Натпреварот меѓу Борец и Вардар Неготино се игра на Градскиот стадион „Зоран Паунов“ во Велес, дерби од дното за трите бодови, дерби за излез од резултатската криза, но и дерби и три бодови кои на крајот од сезоната може да се покажат како клучни за опстанок во Втората лига. Натпреварот ќе стартува во 13 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Шампион немоќен против Текстилец, но Давид Јовчевски постигна 18 гола!

Екипата на Текстилец со убедливи 36:48 славеше на гостински терен кај тимот на Шампион во рамки на 13. коло на Првата ракометна лига,...

ФудбалЧетврта лига

ФК Интер Кукла го оживува духот на Куклиш – „Стари vs. Млади“ ќе го обедини сето фудбалско семејство

Во Куклиш владее вистинска фудбалска еуфорија пред големиот пријателски спектакл што го организира ФК Интер Кукла. На 14 декември (недела), клубот ќе биде...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФК Интер Кукла го оживува духот на Куклиш – „Стари vs. Млади“ ќе го обедини сето фудбалско семејство

Во Куклиш владее вистинска фудбалска еуфорија пред големиот пријателски спектакл што го...

Втора лигаФудбал

ФОТО НА ДЕНОТ: Охрид е есенски шампион во Втора лига

Охрид е есенски шампион во Втората македонска фудбалска лига – „рибарите“ ја...

Трета лигаФудбал

Превалец е есенски шампион во Трета лига – Југ, Росоман со победа ја заврши 2025 година!

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига –...

Прва лигаФудбал

Силекс и Брера со големи гостински победи – Работнички и Шкупи во длабока криза пред зимската пауза

Последното коло во есенскиот дел од Првата македонска лига донесе јасна слика...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!