По завршувањето на седмото коло во Прва женска кошаркарска лига, веќе се јасни позициите на табелата и учесниците во четвртфиналната фаза од Купот на Македонија „Благоја Георгиевски-Буштур“.
Три екипи го завршија првиот дел од сезоната со идентичен биланс – Крива Паланка, Баскет Кам и Вардар имаат по шест победи и еден пораз, па според меѓусебните натпревари е оформен и конечниот поредок.
Крива Паланка е на врвот со убедлива победа против Вардар (94:63) и пораз од Баскет Кам (70:83). Баскет Кам има ист ефект (1-1), со триумф над лидерот на гостински терен (83:70) и пораз од Вардар (45:52). „Вардарки“ исто така имаат скор 1-1, но со најслаб кош-количник во водечкото трио.
Врз основа на пласманот и системот за натпреварување во Купот, оформени се и четвртфиналните двојки, каде што се игра само еден натпревар, а домаќин ќе биде подобропласираниот тим.
- КУП „БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ-БУШТУР“ 2026 – ЖЕНИ
ЧЕТВРТФИНАЛНИ ДВОЈКИ
-
Крива Паланка – Патриот
-
Баскет Кам – Спорт тим (Неготино)
-
Вардар – МЗТ Бела Вода
-
Бадел 1862 – Пробаскет (Кавадарци)
Четвртфиналните натпревари ќе се одиграат на 27 и 28 декември, на терените на подоброрангираните екипи. Четвртфиналето се игра во една елиминациска средба.