Второлигашот Шкендија од Арачиново за вториот дел од сезоната го претстави првото зимско засилување – се работи за искусниот Владимир Жоглев кој пристига од редовите на Осогово.
Тимот на Љупчо Марковски – Калц добива квалитетно засилување во офанзивата, се работи за голгетер кој е најдобар стрелец на Осогово за пролетната полусезона со пет погодоци.
27-годишниот Жоглев во Осогово пристигна во јануари 2025 година, а во тимот од Кочани се задржа една година, а сега прави трансфер во редовите на новиот второлигаш.
Низ својата кариера Жоглев настапуваше за Скопје, Вардар, Тетекс, Беса од Добри Дол, велешки Борец, Победа од Прилеп, за Победа од Валандово и Маџари Солидарност.
Шкендија Арачиново презимува на второто место со 35 бодови, бод помалку од лидерот Охрид, а пролетниот дел тимот на популарниот Калц го отвара Преспа на домашен терен.