Ракомет

„Мораме максимално мотивирани и сконцентрирани!“ – Крсманчиќ пред дуелот со Тиквеш

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Во рамки на 16. коло од ракометната Супер лига, екипите на ГРК Тиквеш 2014 и ГРК Охрид ќе се сретнат во среда, на 10 декември, во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци со почеток од 19:00 часот.

Се очекува натпреварот да биде возбудлив, со оглед на тоа што и двата тима ќе бркаат важни бодови за продолжението од сезоната.

Централниот бек на Охрид, Младен Крсманчиќ, за Спортска Мрежа, го најави мечот во Кавадарци.

Тој нагласува дека тимот мора да влезе максимално мотивиран и сконцентриран, свесен за квалитетот на домаќините, но уверен е дека подготовката е добра и се надева на позитивен исход.

„Мораме да влеземе со што посериозен пристап во натпреварот против Тиквеш, максимално мотивирани и сконцентрирани. Екипата е доста добра, особено кога играат дома, меѓутоа добро се подготвуваме, така што мислам дека сме спремни за тој меч, и се надеваме на најдобро.“ – изјави Младен Крсманчиќ за Спортска Мрежа.

Со сериозна подготовка и максимална концентрација, Охрид се надева на позитивен исход во ова тешко гостување кај Тиквеш, додека домаќините, пак, ќе се обидат да ја искористат предноста која ја носи домашниот терен.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

„Дисциплинирана игра и концентрација за позитивен резултат“ – Кукуловски пред дуелот со Тиквеш

Во рамки на 16. коло од ракометната Супер лига, ГРК Тиквеш 2014 ќе го пречека ГРК Охрид утре (10 декември), во спортската сала...

Втора лигаФудбал

Шкендија Арачиново со прво зимско засилување – пристигна Владимир Жоглев

Второлигашот Шкендија од Арачиново за вториот дел од сезоната го претстави првото зимско засилување – се работи за искусниот Владимир Жоглев кој пристига...

Поврзани написи
Ракомет

Николовски и Металари ќе го судат ,,вечното” дерби во Битола, Митревски и Тодоровски ќе судат во Куманово

Битола повторно се подготвува за ракометен спектакл – второто „вечно“ дерби оваа...

Ракомет

​Матлиески повеќе не е тренер на Тинекс Пролет

Ракометнииот клуб Тинекс Пролет ја информира јавноста дека Никола Матлиески повеќе не...

Ракомет

Шоу на Анастасија Сентовска со 14 гола – Овче Поле СУ ја декласираше Јехона!

Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет со убедливи 33:10 го декласираше тимот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!