Ракомет

Николовски и Металари ќе го судат ,,вечното” дерби во Битола, Митревски и Тодоровски ќе судат во Куманово

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Битола повторно се подготвува за ракометен спектакл – второто „вечно“ дерби оваа сезона – Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 во ,, Боро Чурлевски”. Домаќините се под притисок да обезбедат победа и да останат во трката за врвот.

Средбата е закажана за среда во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 18:00 часот, а публиката очекува возбудлив дуел меѓу двата најтрофејни тима во македонскиот ракомет.

За правдата на натпреварот ќе се погрижат судиите Ненад Николовски и Исмаил Металари, додека на записничката маса делегатите Марјан Начевски и Марјан Огњановски ќе ги следат сите официјални моменти од средбата.

Средбата меѓу Куманово и Пролет ја добија Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола, а делегат ќе биде Игор Огненов од Битола, мечот се игра в среда, а ќе започне во 19 часот.

Прилеп на домашен терен ќе игра против Алкалоид, а за правдата ќе бидат задолжени Виктор Андонов и Александар Вукашиновски од Скопје, делегат ќе биде Зоран Кимовски од Скопје, стартот е закажан во 19:30 часот, в среда.

Тиквеш на домашен терен ќе игра важен меч со Охрид, а правдата ќе ја делат Виктор Начевски од Скопје и Даниело Божиновски од Битола, а Камер Металари од Скопје ќе биде делегат. Средбата се игра во среда, а ќе започне во 19 часот, а се игра во Кавадарци.


Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Бутел ќе го судат браќата Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје, а делегат ќе биде Лери Мирчевски, меч кој се игра в четврток од 17 часот во Битола.

Радовиш на домашен терен ќе бара прво славје против Струга, а за правдата ќе бидат браќата Михајло и Методија Илиевски од Битола, а делегат ќе биде Васил Чавдаров од Богданци. Мечот се игра в четврток од 19 часот.


Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

„Дисциплинирана игра и концентрација за позитивен резултат“ – Кукуловски пред дуелот со Тиквеш

Во рамки на 16. коло од ракометната Супер лига, ГРК Тиквеш 2014 ќе го пречека ГРК Охрид утре (10 декември), во спортската сала...

Втора лигаФудбал

Шкендија Арачиново со прво зимско засилување – пристигна Владимир Жоглев

Второлигашот Шкендија од Арачиново за вториот дел од сезоната го претстави првото зимско засилување – се работи за искусниот Владимир Жоглев кој пристига...

Поврзани написи
Ракомет

„Мораме максимално мотивирани и сконцентрирани!“ – Крсманчиќ пред дуелот со Тиквеш

Во рамки на 16. коло од ракометната Супер лига, екипите на ГРК...

Ракомет

​Матлиески повеќе не е тренер на Тинекс Пролет

Ракометнииот клуб Тинекс Пролет ја информира јавноста дека Никола Матлиески повеќе не...

Ракомет

Шоу на Анастасија Сентовска со 14 гола – Овче Поле СУ ја декласираше Јехона!

Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет со убедливи 33:10 го декласираше тимот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!