Македонските второлигаши заминуваат на заслужен одмор, останува уште мечот во Радовиш меѓу Детонит Плачковица и Скопје да биде одигран овој петок и со тоа и официјално да се спушти завесата во Втората лига. Останатите екипи веќе и се распуштат и заминуваат на одмор, но управите, стручните штабови имаат многу работа, бидејќи никој не е сигурен кон остварувањето на своите цели.
Најмногу се загрозени екипи од долниот дел, кои беа не само што ќе треба да бараат соодветен засилувања, ќе мора многу работи да менуваат со цел да стигнат до опстанокот. Слично ќе биде и со екипите кои водат битка за влез во Прва лига.
Во новото издание на Спортска Анализа на Спортска Мрежа, правиме анализа за тоа како ќе се засилуваат второлигаши и што ќе менуваат за пролетниот дел, каква есен одиграа екипи, што ги очекува во пролетниот дел, но и многу други теми.
Емисијата е ексклузивна за нашите членови, кои први ги дознаваат најновите информации.