Останато

Борец со убедлива победа во Струмица – Македонија Џио падна со 0-3

Сподели
ФОТО: АРХИВА
Сподели

Одбојкарите на Борец од Велес ја запишаа својата седма првенствена победа оваа сезона, совладувајќи го тимот на Македонија Џио со убедливи 0-3 (15:25, 17:25, 13:25) во последниот натпревар од 9. коло во Првата лига.

Иако младиот струмички состав влезе мотивирано и во првите два сета понуди солиден отпор, фаворизираните велешани не дозволија изненадување. Борец контролираше во сите сегменти од играта и рутински ја запечати победата.

Клучна улога одигра бразилското двоец во редовите на Борец – Басто и Оливеира, кои беа најефикасни со 17 и 11 поени.

Во таборот на Македонија Џио, најрасположен за игра беше Петров со 12 поени, но неговиот учинок беше недоволен за порамноправен дуел.

Борец со оваа победа го зацврстува своето место во горниот дел од табелата и ја продолжува успешната сезона, додека Македонија Џио ќе мора да брка бодови во следните мечеви за да ја подобри својата позиција.


Сподели

Не пропуштајте

Турнири

ФОТО: Електро Петар славеше во меч со 18 гола, триумф за Еклер Транс на „Стојаково 2025“

Вечерва се одиграа нови четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ – два натпревари кај јуниорите, како и два меча кај...

ФудбалФутсал

Железарец непоразен лидер, Каршиака се проби до второто место, Карадаку без бодови

По седум одиграни кола во Втората футсал лига ланскиот прволигаш Железарец е на врвот со 19 бодови. Тимот има учинок од шест победи...

Поврзани написи
Останато

Шампионот Струмица го доби дербито со лидерот Штип УГД во градот под Исарот

Актуелниот шампион Струмица со 2-3 во сетови славеше во дербито против лидерот...

Останато

Младите скијачи Стефан Ѓорѓевиќ и Виктор Чакаровски подготвени за новата сезона и предизвиците во Планица

Младите скијачи Стефан Ѓорѓевиќ и Виктор Чакаровски веќе се во Планица, Словенија,...

Останато

Ставре Јада со нови силни настапи на меѓународната ски сцена

Македонскиот репрезентативец Ставре Јада изминатиот викенд забележа одлични резултати на две меѓународни...

ОстанатоФудбалФутсал

ФОТО: Успешен старт на футсал сезоната за средните училишта во Охрид

Во Спортската сала „Билјанини Извори“ денес се одигра првото коло од општинското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!