Брера Струмица со четири порази во низа од последните пет средби денес во Струга против „фенерџијата“ ќе бара враќање на победата и со позитивен резултат да ја затвори 2025 година.
Шкупи е на дното со еден бод, тимот е единствен прволигаш без триумф, а токму струмичани се надеваат дека ќе може да го искористат тој момент за позитивен резултат.
Тренерот на Брера Струмица, Мартин Алаѓозовски посакува годината да ја завршат во позитивен стил.
„Секој натпревар е важен, а ние се подготвуваме на идентичен начин. Ќе се обидеме да играме фудбал, во домен што ќе ни го дозволи и тешкиот терен. Но, посакуваме да ја завршиме годината во позитивен стил“, вели тренерот Мартин Алаѓозовски.
Натпреварот започнува во 13 часот и се игра во Струга.