Пополека доаѓа моментот за комплетирање на 15. коло на Втората лига кое е последно за есенската полусезона, а со тоа да го имаме и конечниот изглед на табелата и да видиме како ќе бидат позиционирани екипите пред заминувањето на зимската пауза.
Денес се играат два натпревари во Виница ќе се соочат Слога и Охрид, а пак Големо Коњари на домашен терен ќе игра против Тетекс.
- Што ќе донесат овие два натпревари?
Охрид е пред големо можност да презими на врвот, односно да биде есенски шампион, потребно е само да ја совлада Слога во Виница, што е многу веројатно со оглед на формата и квалитетот кој го имаат „рибарите“. Домаќинот се надева на било какво изненадување во жилавата борба за опстанок и собирање бод по бод.
Тоа значи дека со триумф Охрид ќе биде прв со бод повеќе во однос на Шкендија Арачиново која би била втора, а три повеќе од Брегалница која би била трета.
Слога со триумф може да биде на 14-тото место со десет бодови, со реми останува претпоследна со осум бодови, а со пораз секако на претпоследното место со седум бодови и тешка пролет за опстанок.
- Што може да донесе натпреварот меѓу Големо Коњари и Тетекс?
Во однос на мечот меѓу Големо Коњари и Тетекс. Таму триумф за домаќинот нема да донесе прогрес, секако овој тим ќе презими на дното, но дали со три или шест бодови нема да биде сеедно, бидејќи победа над Тетекс за Големо Коњари се даваат некој минимален процент повеќе во трката барем за бараж.

Тетекс со триумф над Големо Коњари ќе се израмни на десеттото место со Каменица Саса со по 17 бодови, во секој друг случај нема да има прогрес и ќе презими на 11. место на табелата со 14 бодови ако загуби, а ако ремизира со 15 бодови.
Колото ќе се комплетира дури на 12 декември со натпреварот меѓу Детонит Плачковица и Скопје кој се игра на Градскиот стадион во Радовиш.