Младински фудбалФудбал

ВИДЕО: Стефан Ристов најдобар играч, Детонит Плачковица блесна на „Football Winter Mini Cup 2025“ во Богданци

Сподели
Сподели

Младите таленти на радовишки Детонит Плачковица од генерациите 2014 и 2015 имаа одлично претставување на силниот турнир „Football Winter Mini Cup 2025“, кој за првпат се одржа во Богданци, а кој Спортска Мрежа медиумски го поддржа.

Генерацијата 2014 одигра фантастичен турнир и го освои второто место, со биланс од пет победи, едно реми и еден пораз – токму во големото финале, каде несреќно загубија минимално со 1:0 од екипата на ФК Тони. Одличните партии на младиот Стефан Ристов не поминаа незабележано – тој беше прогласен за најдобар играч (МВП) на турнирот во генерација 2014 и дополнително ја освои наградата за најдобар стрелец.

Генерацијата 2015 исто така имаше солиден настап и заслужено го освои петтото место, прикажувајќи борбена игра и квалитет кој ветува за иднината.

Организацијата на „Football Winter Mini Cup 2025“ помина одлично, турнирот го собра најдоброто од младинските школи во регионот и претставува важна мотивација и поттик за следните генерации млади фудбалери.

Детонит Плачковица уште еднаш покажува дека работи квалитетно со младите категории и дека иднината на клубот е во сигурни раце.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција. Турнирот...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг од 97:55, во рамки на 8. коло од Првата кошаркарска лига...

Поврзани написи
Фудбал

Висок пораз на битолски Конзули во Кочани – четири гола за Христијан Крстов

Синоќа беше отворено 7. коло во Втората футсал лига со убедливата победа...

ФудбалФутсал

Форца броеше до десет, Проект и Кеги Моби до високи победи!

Фаворитите одиграа според планот – шампионот Форца броеше до десет против Јувентус...

Втора лигаФудбал

Митревски: Во Осогово ништо не е случајно!

Есенската полусезона во Втората лига донесе многу причини за радост во Кочани,...

Прва лигаФудбал

Шкендија слави над Башкими во Куманово

Шкендија ја заокружи есента во шампионатот со значајна победа на тешкото гостување...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!