Ракомет

Македонија ЃП го покоси Вардар среде Неготино и го оддалечи од Суперлигата!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Македонија ЃП приреди вистинско изненадување и среде Неготино го совлада фаворизираниот Вардар со 31:32, дополнително комплицирајќи ја битката на „вардарци“ за директен пласман во Суперлигата.

Натпреварот од 13. коло во Првата лига започна изедначено. Гостите од Скопје рано поведоа со 1:3 и 2:4, додека домашниот тим постојано бркаше резултат. Вардар Неготино првпат стигна до предност од два гола во 19. минута (12:10), со погодоците на Пеовски и Орешков. На полувреме домаќинот имаше минимално водство од 20:19.

Вториот дел донесе целосен пресврт. Македонија ЃП влезе многу подобро и од 26:24 направи серија за водство од 26:29. Нападот на Вардар беше во целосен пад, а гостите сурово ги казнуваа сите грешки.

Вардар Неготино во последните четири минути влезе со негатива од 29:30, но Македонија ЃП со два брзи гола стигна до 29:32, а домаќините до крајот успеаја само да го намалат резултатот на 31:32.

Ова е четврти пораз сезонава за тимот од Неготино, по поразите од Младост во Богданци и Текстилец во Штип, како и од конкурентот Мулти Есенс, а сега и на домашен терен од Македонија Ѓорче Петров.


Вардар моментално е на четвртата позиција со 16 бодови, осум помалку од непоразениот лидер Младост Богданци. Ова практично ги намалува шансите за директен влез во Суперлигата, па тимот на Игор Котевски ќе мора да се насочи кон борба за второто место, кое носи бараж за елитата.

Кај Вардар Неготино најефикасен беше Мице Шилегов со 7 гола, а Петре Пеовски додаде 5. За Македонија ЃП блескаше Бојан Чакалиќ со 10 погодоци, а по 5 постигнаа Владо Ристески и Михаел Тотиќ.

Во друг натпревар од колото, Аеродром со 34:30 ја оправда фаворитската улога против Јехона. Бојан Поповски беше најдобар кај домаќинот со 9 погодоци, а Матеј Марковски постигна 8. Кај гостиварци се истакнаа Адис Салиу со 11 и Бојан Давидоски со 9 гола.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција. Турнирот...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг од 97:55, во рамки на 8. коло од Првата кошаркарска лига...

Поврзани написи
Ракомет

Мулти Есенс со убедлива победа над Драчево Јуниор

Екипата на Мулти Есенс стигна до 11-тата сезонска победа во Првата ракометна...

Ракомет

Алкалоид пресилен за Радовиш, Бутел се враќа во трка за плејоф, Прилеп со трет триумф

Ново суперлигашко коло донесе убедливи победи, драматични финиши и големи индивидуални партии....

Ракомет

(ВИДЕО) ИСТОРИЈАТА Е ИСПИШАНА: Младост од Богданци е есенски шампион без пораз!

Ракометниот клуб Младост од Богданци испиша нова златна страница во својата богата...

Ракомет

Андоновски: Сакаме да му се реваншираме на Прилеп

Последната победа во Радовиш ја врати позитивната атмосфера во редовите на Тинекс...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!