Ракометниот клуб Младост од Богданци испиша нова златна страница во својата богата историја. Клубот кој во минатото играл во Европа и учествувал во битките за титула во македонската ракометна елита, денес може да се пофали со уште еден подвиг — есенска круна во Првата ракометна лига, и тоа без ниту еден пораз.
Богданци вечерва ги пречекува своите херои. „Бундеслигашот“ од Богданци во последното есенско коло ја совлада Преспа во Ресен со убедливи 25:42, ставувајќи импресивен печат на календарската 2025 година.
Четата на тренерот Горан Андоновски сега заминува на заслужен одмор, но пред тоа ќе биде прославена уште една историска етапа. За првпат во клупската историја, Младост ја завршува полусезоната како непобедлив есенски шампион, чекор поблиску до големата цел — враќање во ракометната елита на Македонија.
Што се однесува до мечот во Ресен од сам почеток Младост најави дека оди на сигурна, висока и убедлива победа и тоа и се потврди во текот на сите 60 минути.
Даниел Андоновски беше е вистинска „машина“ постигна фантастични 15 гола, а седум гола имаше Лазар Адамовиќ, а го следеше крилото Зоран Стојановски со пет погодоци. Кај домашниот тим се истакна Христијан Ристевски со десет реализации.