Ракометарите на Охрид вечерва отпатуваа за Романија каде в сабота ќе го одиграат реванш натпреварот од ЕХФ Купот против тимот на Потаиса Турда со плус шест голови залиха.
На првиот меч Охрид славеше над романскиот тим со резултат од 31:25 во одличен меч со добар ракомет, а сега максимално мотивирани „гладијаторите“ одат по триумф и на романско тло.
На првиот меч во „Билјанини Извори“ Охрид имаше максимална поддршка од верните навивачи и охридската публика во полна сала, а сега со позитивни мисли заминуваат на реваншот во Романија.
Вечерва Охрид славеше над Пролет во рамки на 8. коло со што се наоѓа на второто место на табелата во Суперлига, па практично мечот против Пролет и оваа победа е уште една позитивна мисла кај охридските ракометари пред реваншот во Романија.