Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Блажески и Дуков со спектакуларен финиш – еве како Детонит Плачковица дојде до бод во Македонска Каменица!

Сподели
Сподели

Детонит Плачковица приреди неверојатен финиш на гостувањето во Македонска Каменица, освојувајќи вреден бод по драматично реми (2:2) со Каменица Саса. Радовишани успеаја да надоместат два гола негатива во последните минути од натпреварот, благодарение на Валентин Блажески и Сашко Дуков.

Иако Детонит беше со играч повеќе на теренот, долго време резултатот беше неповолен. Сепак, во 88. минута Блажески успеа да ја врати надежта со погодок за 2:1, а вистинскиот шок за домашните дојде во 97. минута, кога Дуков стрелаше против својата поранешна екипа и го постави конечниот резултат 2:2.

Со овој бод, Детонит Плачковица покажува дека има карактер и борбен дух до последниот свиреж.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Алаѓозовски: Против Шкупи, посакуваме да ја завршиме годината во позитивен стил

Брера Струмица со четири порази во низа од последните пет средби денес во Струга против „фенерџијата“ ќе бара враќање на победата и со...

Прва лигаФудбал

Работнички во обид да спаси, што може да се спаси, во последниот есенски меч

Работнички имаше очајна есен, досега собра само седум бодови и се наоѓа на претпоследната позиција на табелата во Првата лига. Со само една...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Алаѓозовски: Против Шкупи, посакуваме да ја завршиме годината во позитивен стил

Брера Струмица со четири порази во низа од последните пет средби денес...

Прва лигаФудбал

Работнички во обид да спаси, што може да се спаси, во последниот есенски меч

Работнички имаше очајна есен, досега собра само седум бодови и се наоѓа...

Втора лигаФудбал

Што ќе донесат денешните натпревари во Виница и Големо Коњари?

Пополека доаѓа моментот за комплетирање на 15. коло на Втората лига кое...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Големо Коњари – Тетекс

„Фенерџијата“ Големо Коњари на домашен терен ќе го пречека тимот на Тетекс...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!