Останато

Сребро за Ален Рустемовски на Европското првенство во бокс во Ерменија!

Сподели
Сподели

Ален Рустемовски, член на боксерскиот клуб „Пелистерски јунак“ од Битола, се закити со сребрен медал на Европското првенство за млади сениори до 23 години, кое се одржа во Ереван, Ерменија.

Нашиот млад боксер имаше одличен настап низ целиот турнир, покажувајќи исклучителна физичка подготвеност, техничко знаење и тактичка зрелост. Со убедливи победи во претходните рунди, Рустемовски заслужено стигна до финалето, каде го очекуваше искусниот руски боксер Лурли Аветијан.

И покрај тоа што не стигна до златото, Рустемовски со својата борба остави одличен впечаток, потврдувајќи дека е меѓу најперспективните боксери во својата категорија во Европа. Ова сребро е огромен успех за македонскиот бокс, но и поттик за Ален и неговиот клуб да продолжат уште посилно кон нови меѓународни успеси.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција. Турнирот...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг од 97:55, во рамки на 8. коло од Првата кошаркарска лига...

Поврзани написи
Останато

Шампионот Струмица го доби дербито со лидерот Штип УГД во градот под Исарот

Актуелниот шампион Струмица со 2-3 во сетови славеше во дербито против лидерот...

Останато

Младите скијачи Стефан Ѓорѓевиќ и Виктор Чакаровски подготвени за новата сезона и предизвиците во Планица

Младите скијачи Стефан Ѓорѓевиќ и Виктор Чакаровски веќе се во Планица, Словенија,...

Останато

Ставре Јада со нови силни настапи на меѓународната ски сцена

Македонскиот репрезентативец Ставре Јада изминатиот викенд забележа одлични резултати на две меѓународни...

ОстанатоФудбалФутсал

ФОТО: Успешен старт на футсал сезоната за средните училишта во Охрид

Во Спортската сала „Билјанини Извори“ денес се одигра првото коло од општинското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!