Прва лигаФудбал

Шкендија пресилна за младите „лавови“, Силекс со убедлив триумф над очајниот Шкупи!

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија
Сподели

Во рамките на 13. коло од Првата македонска фудбалска лига, фаворитите Шкендија и Силекс на убедлив начин стигнаа до нови победи, потврдувајќи ја својата офанзивна моќ и добра форма во продолжение од шампионатот.

Во Тетово, актуелниот шампион Шкендија ја оправда фаворитската улога и со високи 7:2 ја совлада младата екипа на Македонија Ѓорче Петров. Гостите допатуваа со речиси целосно младински состав, со дури девет фудбалери под 18 години и само двајца интернационалци – Еступињан и Кабаркас.

Домаќините рано го наметнаа темпото и уште во првите минути ја отворија голеадата. Мазари погоди во 8. минута, а осум минути подоцна по асистенција од Рамадани зголеми на 2:0. Ѓорче Петров се врати преку Етеми, кој ја искористи грешката на одбраната и намали на 2:1, но тоа беше сè што успеаја гостите во првиот дел. По неколку пропуштени шанси и одбранет пенал на Адеми, Ибраими во 30. минута му асистираше на Мелиќи за 3:1 на полувреме.

Во продолжението следеше целосна доминација на Шкендија. Мазари во 67. минута постигна хет-трик за 4:1, а само неколку минути подоцна Адеми и Белица ги зголемија бројките. Во финишот Латифи погоди за седмиот гол на тетовци, додека гостите преку Омер Сулејмани во самата завршница само го ублажија поразот за конечни 7:2.

Во Кратово, пак, Силекс одигра еден од своите најдобри натпревари сезонава и на убедлив начин го победи Шкупи со 5:1, прекинувајќи ја мини-серијата без триумф. Тимот на Силекс уште од првата минута наметна силен ритам, а веќе во 7. минута Алиќ го отвори резултатот. Три минути подоцна Пиреш реализираше за 2:0, а до крајот на првиот дел Алиќ и Мирчевски ја комплетираа доминацијата за високи 4:0 на полувреме.

Во второто полувреме чаирчани преку Рибеиро намалија на 4:1, но Мирчевски со својот втор погодок го постави конечниот резултат 5:1 и ја потврди убедливата победа на кратовци.

Со овие триумфи, Шкендија ја зацврсти својата позиција во врвот на табелата, додека Силекс се врати на победите и ги следи водечките екипи.


Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Силекс и Брера со големи гостински победи – Работнички и Шкупи во длабока криза пред зимската пауза

Последното коло во есенскиот дел од Првата македонска лига донесе јасна слика за битката за опстанок – Работнички и Шкупи влегуваат во паузата...

Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Охрид ја освои Виница и стана есенски шампион во Втора лига

Охрид е есенски шампион во Втората македонска фудбалска лига, откако попладнево во Виница славеше со 0:2 над Слога во последниот меч за есенската...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Силекс и Брера со големи гостински победи – Работнички и Шкупи во длабока криза пред зимската пауза

Последното коло во есенскиот дел од Првата македонска лига донесе јасна слика...

Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Охрид ја освои Виница и стана есенски шампион во Втора лига

Охрид е есенски шампион во Втората македонска фудбалска лига, откако попладнево во...

Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Тетекс ја доби голеадата со Големо Коњари и победнички ја затвори 2025 година

Тетекс славеше со 2:6 над „фенерџијата“ Големо Коњари во последното есенско коло...

Прва лигаФудбал

Алаѓозовски: Против Шкупи, посакуваме да ја завршиме годината во позитивен стил

Брера Струмица со четири порази во низа од последните пет средби денес...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!