Во рамките на четвртото коло од Првата одбојкарска машка лига на Македонија, вчера се случи вистинско изненадување. ГОК Борец го победи фаворитот Струмица 47&72 со резултат 3:2.
Овој резултат ги изненади сите љубители на одбојката, бидејќи Струмица се сметаше за еден од кандидатите за пласман во горниот дел на табелата. Борец, пак, покажа голема борбеност и упорност, изборувајќи се за секој поен до самиот крај и на крајот заслужено славеше.
Во останатите натпревари, Македонија Џио го победи Скопје со 3:0, Штип УГД ја совлада Шкендија со 3:0, додека Лирија и Весна Пробиштип се сретнаа во тесен дуел завршен со 3:2 за Лирија.
Дуелот помеѓу Јанта Волеј – Сушево е закажан за денес, додека за вторник е предвиден мечот меѓу Работнички 71&22 и Универзитет во Тетово.