Досегашниот лидер Интер Кукла го доживеа првиот сезонски пораз и го загуби првото место на табелата, откако во рамки на 4. коло на Општинската фудбалска лига во Струмица загуби на домашен терен со убедливи 1:5 од тимот на Спартмани од Балдовци.
Наместо дерби, доминација на гостинот кој стигна до убедлива победа и со тоа изби на врвот од табелата.
Во Ново Село немаше победник, но немаше ни погодоци, реми со празни мрежи на Огражден и Илинден од Добрејци.
Прва сезонска радост за тимот на Слога од Злеово, која славеше со 3:2 над тимот на Дрвош. Тимот од радовишкото село го освои целиот „плен“ и направи скок на табелата.
Во Пиперово беа постигнати фантастични осум погодоци за голема победа на Единство од 5:3 над Напредок од Радово.
Во однос на табелата на врвот сега е Спартмани од Балдовци со 10 бодови на своето конто, Интер Кукла останува на второто место, а тимот од Куклиш има девет бодови.
По седум бодови имаат Дрвош и Илинден за делба на третото место, а пак Огражден со пет бодови е на петтото место.
Тимот на Слога од Злеово е на шестото место со четири бодови, а пак Единство е на претпоследното место со тоа што тимот од Пиперово има три бодови.
По четири кола единствена екипа без бодови е Напредок од Радово, која е на дното од табелата.
