Денес се одиграа натпреварите од 12. коло во Првата женска фудбалска лига, а голови имаше на сите мечеви.
Во Струмица, дербито меѓу Тиверија Брера и Скопје го реши само еден погодок. Херојка на гостинките беше Ана Боризоска, која во 72. минута погоди за конечни 0-1. Натпреварот понуди шанси на двете страни, но повеќе среќа имаше тимот на Скопје, кој со оваа победа останува во трката со лидерот и актуелен шампион Љуботен.
Минимална победа со ист резултат запиша и Речица, која на гостувањето во Битола ја совлада Топ Гол со 0-1. Решавачкиот погодок го постигна Марија Анческа во самиот финиш на првото полувреме (45’).

Во Каменица, Саса го доби дербито против АС Јунајтед, славејќи со 2-0. По мирното прво полувреме, во вториот дел капитенот Ана Димитровска погоди за водство, а во самиот финиш Тчеури Харуми Гоја ги постави конечните 2-0.
Ист резултат имаше и во Пржино, каде Истатов со 2-0 го совлада Вардар. Домаќинот кој на себе ја имаше фаворитската улога, истата ја оправда со погодоците на Ива Здравевска и Радица Чонева.

Актуелниот шампион Љуботен сосема очекувано славеше убедлива победа од 0-7 на гостувањето кај „фенерџијата“ Кочани. Тимот од Тетово уште еднаш ја потврди доминацијата – двојни стрелци беа Елена Симјанова, Ајури Тераваки и Мариан Огочукву Охадиве, а еден погодок додаде Меланија Гроздановска.
| Поз. | Клуб | ОН | Поб | Н | Пор | ПОС | ПРИ | ГР | БОД |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | ЖФК ЉУБОТЕН | 12 | 11 | 1 | 0 | 56 | 5 | +51 | 34 |
| 2 | ЖФК СКОПЈЕ 2014 | 12 | 11 | 0 | 1 | 36 | 5 | +31 | 33 |
| 3 | ЖФК ТИВЕРИЈА БРЕРА АД | 12 | 8 | 0 | 4 | 23 | 16 | +7 | 24 |
| 4 | ЖФК КАМЕНИЦА САСА | 12 | 7 | 0 | 5 | 35 | 12 | +23 | 21 |
| 5 | ЖФК СЦ ИСТАТОВ 2015 Скопје | 12 | 6 | 2 | 4 | 33 | 16 | +17 | 20 |
| 6 | ФК АСС УНИТЕД/ЖФК | 12 | 6 | 2 | 4 | 25 | 17 | +8 | 20 |
| 7 | ЖФК РЕЧИЦА | 12 | 3 | 1 | 8 | 19 | 39 | -20 | 10 |
| 8 | ЖФК Вардар 2023 | 12 | 1 | 2 | 9 | 5 | 54 | -49 | 5 |
| 9 | ФК ТОП ГОЛ/ЖФК | 12 | 1 | 1 | 10 | 7 | 24 | -17 | 4 |
| 10 | ЖФК КОЧАНИ | 12 | 1 | 1 | 10 | 7 | 58 | -51 | 4 |