Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 до нова победа во Суперлигата – триумф над Струга

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер 2
Сподели

Еурофарм Пелистер 2 продолжува со добрите партии во македонската ракометна Суперлига, откако на гостински терен ја совлада екипата на Струга со резултат 26-22. Со овој триумф младите битолчани го запишаа петтиот сезонски успех, а воедно и четвртиот на гости, што дополнително ја зацврстува нивната позиција во средината на табелата.

Иако домаќинот во првиот дел имаше резултатска предност, избраниците на Александар Зарков покажаа карактер и со одлична игра во завршницата на полувремето го свртеа резултатот во своја корист. Во второто полувреме пелистерци целосно ја презедоа контролата и не дозволија изненадување.

Најефикасен во редовите на победничкиот тим беше Одифред Баптист со осум погодоци, додека кај домаќините се истакна Ненад Костески со седум гола.

Со оваа победа, Еурофарм Пелистер 2 ја продолжува позитивната серија и најавува амбиции за пласман во горниот дел на табелата, додека Струга ќе треба брзо да се консолидира пред следното коло.


Сподели

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција. Турнирот...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг од 97:55, во рамки на 8. коло од Првата кошаркарска лига...

Поврзани написи
Ракомет

Мулти Есенс со убедлива победа над Драчево Јуниор

Екипата на Мулти Есенс стигна до 11-тата сезонска победа во Првата ракометна...

Ракомет

Алкалоид пресилен за Радовиш, Бутел се враќа во трка за плејоф, Прилеп со трет триумф

Ново суперлигашко коло донесе убедливи победи, драматични финиши и големи индивидуални партии....

Ракомет

Македонија ЃП го покоси Вардар среде Неготино и го оддалечи од Суперлигата!

Македонија ЃП приреди вистинско изненадување и среде Неготино го совлада фаворизираниот Вардар...

Ракомет

(ВИДЕО) ИСТОРИЈАТА Е ИСПИШАНА: Младост од Богданци е есенски шампион без пораз!

Ракометниот клуб Младост од Богданци испиша нова златна страница во својата богата...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!