Секој клуб има своја легенда – фудбалерка која со години останува верна на своите бои, на својот тим и на љубовта кон фудбалот. За ЖФК Истатов, таа легенда е Радица Чонева, фудбалерка која целиот свој спортски век го посвети на клубот од Дојран.
Родена пред 24 години, Радица е дел од клубот уште од 22 јули 2015 година, и во изминатата деценија израсна во вистински пример за посветеност, труд и професионализам. Нема друг дрес, нема друг клуб – само Истатов.
Во тимот на искусниот тренер Кирил Изов, актуелен селектор на женската репрезентација до 19 години и поранешен селектор на сениорките, Чонева претставува алка на стабилност и тимски дух, играчка што со својата работа и карактер е инспирација за сите млади фудбалерки во клубот.
На нејзиниот роденден, клубот ѝ оддава признание и благодарност за сите години лојалност и посветеност.