Голманот Бојан Блажески беше столбот на одбраната на Охрид во убедливиот триумф над Пролет со 30-20 (13-11) на домашен терен. Првото полувреме беше изедначено, но во второто „гладијаторите“ ја зголемија разликата, а Блажески со 17 одбрани придонесе за двоцифрена предност на својот тим. Гоце Ојлески со 8 голови и Младен Крсманчиќ со 5 погодоци, пак, го предводеа нападот.
По мечот, Блажески истакна дека победата е добра подготовка за следниот натпревар против Алкалоид и дека одбраната била клучот за победата:
,,Овој натпревар беше добар за нас, како подготовка пред мечот со Алкалоид..да се подготвиме добро. Одигравме одлична одбрана, истрчавме контри и полу-контри, па така и го добивме мечот. Сега фокусот ни е само на натпреварот со Алкалоид, во среда и ја повикувам нашата верна публика, да дојде да нè поддржи во што поголем број и заедно да славиме уште една победа.”- изјави охридскиот голман.
Со оваа победа, Охрид ја потврдува стабилната форма и продолжува да се подготвува за следните предизвици, како во домашното првенство, така и во Европскиот Куп.