Во рамки на 7. коло од Третата фудбалска лига – Југ во Крушево се соочија Питу Гули и Бучин, во меч каде немаше победник, а беа постигнати по еден гол на двете страни. Питу Гули како фаворит не освои целиот „плен“ и мораше да се задоволи со бод, а гостинот преку Маринко Јованоски дојде до водство од 0:1 на стартот од вториот дел со голчиште постигнато со глава од страна на 33-годишниот Јованоски, кој претходно беше капитен на поранешниот третолигаш Напредок од Крушеани.
- ГОЛОТ НА МАРИНКО ЈОВАНОСКИ ПРОТИВ ПИТУ ГУЛИ:
Во продолжение од мечот Музафер Алиоски ги постави конечните 1:1 за поделба на бодовите.
Инаку, Напредок од Крушеани, за кој во минатото редовоно информираше Спортска Мрежа за овој клуб моментално настапува во Четвртата лига во Прилеп, но клубот во иднина ќе работи на враќање во Трета лига – Југ и да биде стабилен како што беше во минатото, за што во иднина ќе информира Спортска Мрежа со повеќе информации на оваа тема.