Трета лигаФудбал

Кадино се спасуваше од пораз, лидерот Еуромилк ГЛ е незапирлив, реми на Пчиња и Аеродром

Сподели
ФОТО: ФК Еуромилк ГЛ
Сподели

Возбудливо вонредно коло во Трета лига – Север: шест натпревари, многу голови и драма до последен свиреж!

Денес беа одиграни натпреварите од вонредното 10. коло во Третата македонска фудбалска лига – Север, кое понуди многу голови, пресврти и неизвесност на сите терени.

Лидерот Еуромилк од Горно Лисиче, поранешен прволигаш, ја оправда фаворитската улога и со убедливи 1-3 славеше на гостувањето кај Беса од Сарај. Гостите поведоа во 38. минута преку Јовица Радевски, но домашните израмнија на 1-1 преку Бесир Јусуфи. Сепак, во финишот Ферди Исмаиловски и искусниот стрелец Орхан Мифтари постигнаа погодоци за триумф на лидерот.

Беса Слупчане и БВК Коњаре одиграа драматичен меч со пет погодоци, а исходот беше 2-3 за гостите. Гостинот уште до 21. минута имаше предност од 0-3 благодарение на головите на Ени Шабани, Елмер Али и Марио Томовски. За домашните погодија Шуајб Јашари и Шуајб Бајрами, но тоа не беше доволно за бод.

Возбудливо беше и во Доброшане, каде Куманово и Ржаничино ремизираа 2-2. За домаќините стрелци беа Гезим Бакиевски и Никола Стевчевски, додека за гостите погодија Антонио Мирков и Стефан Ѓорѓиев.

Пчиња и Куманово одиграа тврдо дерби без победник – 1-1. Бобан Стојановски донесе водство за домашните во 33. минута, но Мартин Ацевски само шест минути подоцна израмни и ги постави конечните 1-1.

Гостински триумф забележа Лопате, кој славеше со 0-2 на тешкото гостување кај Студеничани. Двата погодоци беа дело на Биљали Хасан (61’) и Лиридон Сулимани (67’).


Многу возбудувања имаше и на дуелот меѓу Фортуна и Башкими Љуботен, кој заврши со 3-2 за домашните. Абдула Јашари погоди во 40. минута, а пак Шуајб Рамадани беше двоен стрелец за Фортуна, додека за гостите погодија Беитула Абдулаи и Еркан Фетај.

Најмногу драма имаше во натпреварот меѓу Кадино и Отља, кој заврши 2-2. Сабри Ибиши во 10. минута донесе предност за гостите, Марио Благојевски израмни во 15. минута, Лирим Абази погоди за пресврт во 80. минута, но само една минута подоцна Матиеј Ставревски донесе бод за Кадино. Ова реми е прв позитивен резултат за новиот третолигаш Отља, кој го освои првиот бод.

На врвот е Еуромилк ГЛ со 28 бодови, а пак второто место го делат Пчиња и Аеродром со по 21 бод, но Куманово и БВК Коњаре кои го делат четвртото место имаат по 20 бодови, но натпревар помалку, па тоа може да направи промени околу втората позиција.


Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Што ќе донесат денешните натпревари во Виница и Големо Коњари?

Пополека доаѓа моментот за комплетирање на 15. коло на Втората лига кое е последно за есенската полусезона, а со тоа да го имаме...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Големо Коњари – Тетекс

„Фенерџијата“ Големо Коњари на домашен терен ќе го пречека тимот на Тетекс кој ќе биде фаворит во рамки на последното есенско коло на...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Што ќе донесат денешните натпревари во Виница и Големо Коњари?

Пополека доаѓа моментот за комплетирање на 15. коло на Втората лига кое...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Големо Коњари – Тетекс

„Фенерџијата“ Големо Коњари на домашен терен ќе го пречека тимот на Тетекс...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Слога Виница – Охрид

Денес на Градскиот стадион во Виница се игра мечот од 15. коло...

Фудбал

Висок пораз на битолски Конзули во Кочани – четири гола за Христијан Крстов

Синоќа беше отворено 7. коло во Втората футсал лига со убедливата победа...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!