Прва лигаФудбал

Во Струмица постигнати шест гола: Реми на Брера и Силекс

Сподели
ФОТО: ФК АП Брера Струмица
Сподели

Во Струмица се одигра вистински фудбалски спектакл со шест погодоци и многу возбудувања – Брера и Силекс одиграа реми 3-3 во рамки на 12. коло од Првата македонска фудбалска лига. Натпреварот понуди се – драма, пресврти, промашени шанси и неверојатна борбеност од двете страни.

Гостите од Кратово го отворија мечот многу подобро и уште од самиот почеток создадоа неколку сериозни можности. Прво се закани Алиќ, потоа и Хрвановиќ, но младиот голман Илоски не дозволи промена на резултатот. Сепак, во 19. минута Силекс стигна до водство – судијата покажа на белата точка по прекршок во шеснаесетникот, а капитенот Мартин Мирчевски беше сигурен реализатор за 0-1.

Брера се разбуди пред крајот на првото полувреме. По убава акција, Нзенге асистираше маестрално, а капитенот Филип Михаилов со прецизен удар од околу 16 метри израмни на 1-1.

Само што започна вториот дел, следуваше нова офанзива на Силекс. Прво Донов со ефектен шут од далечина погоди за 1-2, а потоа Мигел Пиреш ја зголеми предноста на 1-3 по една одбиена топка од голманот Илоски.

Кога се чинеше дека Кратовчани ќе заминат дома со три бода, тимот од Струмица направи неверојатно враќање. Во 63. минута по мешаница во казнениот простор, Лука Луковиќ ја врати надежта со гол за 2-3, а само неколку минути подоцна капитенот Михаилов го искористи киксот на противничката одбрана и со својот втор гол ја постави конечната цифра – 3-3.

Во последните минути, Брера имаше уште две можности целосно да го преврти резултатот, но мрежата на Божиновски остана недопрена.

Со овој бод, Брера Струмица останува во горниот дел на табелата и потврдува дека е едно од најпријатните изненадувања на сезоната. Од друга страна, Силекс ќе жали поради пропуштената предност и слабата реализација, со што заостанува зад водечките тимови во лигата.

Во следното коло, Брера ќе гостува кај Пелистер во Битола, додека Силекс ќе има тежок предизвик против Шкупи во Кратово.

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Што ќе донесат денешните натпревари во Виница и Големо Коњари?

Пополека доаѓа моментот за комплетирање на 15. коло на Втората лига кое е последно за есенската полусезона, а со тоа да го имаме...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Големо Коњари – Тетекс

„Фенерџијата“ Големо Коњари на домашен терен ќе го пречека тимот на Тетекс кој ќе биде фаворит во рамки на последното есенско коло на...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Што ќе донесат денешните натпревари во Виница и Големо Коњари?

Пополека доаѓа моментот за комплетирање на 15. коло на Втората лига кое...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Големо Коњари – Тетекс

„Фенерџијата“ Големо Коњари на домашен терен ќе го пречека тимот на Тетекс...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Слога Виница – Охрид

Денес на Градскиот стадион во Виница се игра мечот од 15. коло...

Фудбал

Висок пораз на битолски Конзули во Кочани – четири гола за Христијан Крстов

Синоќа беше отворено 7. коло во Втората футсал лига со убедливата победа...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!