По осум одиграни кола во Првата ракометна лига екипата на Младост од Богданци е на врвот со максимален учинок односно седум победи од толку натпревари и максимални 14 бодови.
Тимот од Богданци кој го води искусниот ракометен стратег Горан Андоновски е единствениот тим без пораз, а доминира со нападот и со перфектната одбрана.
Младост веќе направи чекор напред во однос на конкурентите за титулата и за директен влез во Суперлигата, со тоа што започнува да гради бодовна разлика.
На второто место е Вардар Неготино со 12 бодови, но тимот има меч повеќе, а по 12 бодови имаат Мулти Есенс кој е трет и Драчево кој е втор, но овие екипи имаат одиграно седум натпревари, односно еден помалку во однос на тимот од Неготино.
Во продолжение комплетната табела во Првата ракометна лига.
