Втора лигаФудбал

Неизвесен дуел во Кочани: Осогово и Победа во битка за трите бодови!

Сподели
ФОТО: Осогово - Скопје
Сподели

Неизвесен натпревар ќе се одигра денеска во Кочани, каде што силите ќе ги одмерат екипите на Осогово и Победа, во рамките на 11. коло од Втората македонска фудбалска лига.

Двете екипи се наоѓаат во опасната зона од табелата и се без право на грешка, бидејќи трите бодови би можеле да бидат клучни во борбата за опстанок во лигата.

Осогово пред стартот на денешниот меч е на деветтото место со 13 бодови, позиција што моментално води во бараж-зоната. Победа пак е 12-та со 10 бодови, во опасна близина до местата што носат директно испаѓање во Третата лига.

Домашниот терен и верните навивачи на групата „Сејмени“ ќе бидат дополнителен мотив за фудбалерите на Осогово, особено затоа што Градскиот стадион во Кочани важи за терен каде тешко се освојуваат бодови.

Формата на двете екипи е слична – Осогово има три порази и две победи, а екипата на Победа три победи и два порази во последните пет натпревари. Интересно, двете екипи имаат речиси идентичен напад: Осогово има постигнато 11 гола, а Победа 12, но дефанзивно домаќините стојат далеку подобро – примиле само 12 погодоци, наспроти 25 кај прилепчани.


Кога станува збор за формата дома и на гости, Осогово на свој терен има две победи и два порази, додека Победа како гостин забележа само еден триумф — тој против Беласица во Струмица.

Трите бодови денес можат да донесат голем прогрес на табелта, тоа за Осогово значи можен скок до 7. место (доколку Кожуф и Новаци денеска загубат), за Победа – евентуален триумф би ја искачил до 9. позиција, зависно од резултатите на конкурентите.

Без сомнение, Кочани попладнево ќе биде сцена на вистинска битка за трите бодови, бидејќи веќе секој бод вреди злато!


Сподели

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција. Турнирот...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг од 97:55, во рамки на 8. коло од Првата кошаркарска лига...

Поврзани написи
Фудбал

Висок пораз на битолски Конзули во Кочани – четири гола за Христијан Крстов

Синоќа беше отворено 7. коло во Втората футсал лига со убедливата победа...

ФудбалФутсал

Форца броеше до десет, Проект и Кеги Моби до високи победи!

Фаворитите одиграа според планот – шампионот Форца броеше до десет против Јувентус...

Младински фудбалФудбал

ВИДЕО: Стефан Ристов најдобар играч, Детонит Плачковица блесна на „Football Winter Mini Cup 2025“ во Богданци

Младите таленти на радовишки Детонит Плачковица од генерациите 2014 и 2015 имаа...

Втора лигаФудбал

Митревски: Во Осогово ништо не е случајно!

Есенската полусезона во Втората лига донесе многу причини за радост во Кочани,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!