Втора лигаФудбал

Ѓоре Јовановски е нов тренер на Вардарски од Богданци – целта ќе биде опстанок во Втора лига!

Сподели
Сподели

По осум кола во Втората лига дојде до тренерска промена во Вардарски, откако Васе Беќаров си поднесе оставка, а на негово место доаѓа искусниот Ѓоре Јовановски, кој ќе го води повратникот во продолжението од Втората лига.

68-годишниот искусен стратег ќе има за цел со Вардарски да избори опстанок во Втората лига, а неговото деби на клупата на второлигашот од Богданци ќе биде в сабота во рамки на деветтото коло против Охрид на „Билјанини Извори“.

Вардарски по осум кола е единствениот второлигаш кој нема триумф, а има скор од две ремија и шест порази и со два бодови е на дното од табелата.

Јовановски како шеф на стручен штаб имаше работено со Беласица, Шкендија, Брегалница, Металург, Милано, Работнички, Вардар, Кожуф од Гевгелија, Јовановски работеше и во турскиот прволигаш Самсунспор, како и во бугарски шампион ЦСКА Софија, а беше и во Саудиска Арабија.

Како што најави и Спортска Мрежа во самата анализа пред почетокот на осмото коло конкретно за мечот меѓу Вардарски и Беласица, очекувавме некои промени во зависност од резултатот.

Вардарски после 27 години се врати во Втората лига, но и натаму чека на второлигашка радост.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Алаѓозовски: Против Шкупи, посакуваме да ја завршиме годината во позитивен стил

Брера Струмица со четири порази во низа од последните пет средби денес во Струга против „фенерџијата“ ќе бара враќање на победата и со...

Прва лигаФудбал

Работнички во обид да спаси, што може да се спаси, во последниот есенски меч

Работнички имаше очајна есен, досега собра само седум бодови и се наоѓа на претпоследната позиција на табелата во Првата лига. Со само една...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Алаѓозовски: Против Шкупи, посакуваме да ја завршиме годината во позитивен стил

Брера Струмица со четири порази во низа од последните пет средби денес...

Прва лигаФудбал

Работнички во обид да спаси, што може да се спаси, во последниот есенски меч

Работнички имаше очајна есен, досега собра само седум бодови и се наоѓа...

Втора лигаФудбал

Што ќе донесат денешните натпревари во Виница и Големо Коњари?

Пополека доаѓа моментот за комплетирање на 15. коло на Втората лига кое...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Големо Коњари – Тетекс

„Фенерџијата“ Големо Коњари на домашен терен ќе го пречека тимот на Тетекс...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!