Во среда ќе се одиграат натпреварите од 11. коло на Првата женска фудбалска лига, веќе се делегирани и судиите кои ќе ја делат правдата на сите натпревари.
Александар Урошевиќ ќе биде главен судија натпреварот меѓу Вардар и Тиверија Брера, а негови помошници ќе бидат Цветанка Савеска и Тамара Цветановиќ, а контролор на мечот кој се игра на стадионот „Цементарница 55“ ќе биде Аце Миноски.
Ас Јунајтед на домашен терен ќе го пречека тимот на Истатов, во дерби меч каде за правдата ќе биде задолжен Фатмир Бафто, а негови асистенци ќе бидат Ангела Домазетовска и Мишо Ѓорѓиески, додека пак контролор ќе биде Злате Лозаноски.
Дербито на колото ќе го одиграат шампионот Љуботен и поранешниот шампион Каменица Саса, меч кој ќе се одигра во Тетово, а Правда на истиот ќе дели Ндерим Тефику, негови асистенти ќе бидат Александар Ѓурковски и Татјана Ивановска, додека пак Петре Илоски ќе биде контролор.
Речица на домашен терен ќе игра дерби од дното на табелата против Кочани, меч на две екипи кои се борат за опстанок, а правда ќе дели Ангелчо Ристов, додека пак негови помошници ќе бидат Давор Дишлиевски и Зоран Ангелов, додека пак Орце Стефановски ќе биде контролор.
Александра Спасова ќе дели правда на мечот меѓу Скопје и Топ Гол, а помошници ќе биде Тамара Астарџиева и Радмила Неркова, а пак контролор ќе биде Небојша Ѓорѓијевски.