Останато

По пауза од 13 години се одржа турнир за ветеранки во тенис!

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

По пауза од цели 13 години, повторно оживеа Отвореното Првенство за Ветеранки 2025, кое се одржа во прекрасна спортска атмосфера исполнета со позитивна енергија, дружење и вистински натпреварувачки дух.
Ветеранките уште еднаш докажаа дека љубовта кон тенисот нема возраст, а пасијата и упорноста се исто силни без разлика на годините.

Турнирот се одржа во ABC – ТК Мондано во текот на изминатите две саботи, 25 октомври и 1 ноември 2025 година, како дел од проектот „АС за еднаквост“, кој во соработка со Македонскиот олимписки комитет и со финансиска поддршка од Европската унија, ја промовира родовата еднаквост во спортот.

Овој настан имаше особено значење – не беше само натпревар, туку повик за враќање на категоријата ВЕТЕРАНКИ во натпреварувачкиот систем на Тениската федерација. Преку вакви активности се поттикнува повеќе дружење, активност и вклученост на жените во тенисот, со цел да се создаде мрежа на турнири кои ќе придонесат за понатамошен развој на женскиот тенис во земјава.

Резултати од разигрување:
1. место: Александра Каратановска (Тениска Академија Аеродром)
2. место: Сања Ѓоргиева (Тениска Академија Аеродром)

Резултати од главен турнир:
1. место: Марија Златевска (ТК Тумба)
2. место: Стефанија Невена (ТК Мондано)
3. место: Катерина Димовска (ТК Тумба)

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Алаѓозовски: Против Шкупи, посакуваме да ја завршиме годината во позитивен стил

Брера Струмица со четири порази во низа од последните пет средби денес во Струга против „фенерџијата“ ќе бара враќање на победата и со...

Прва лигаФудбал

Работнички во обид да спаси, што може да се спаси, во последниот есенски меч

Работнички имаше очајна есен, досега собра само седум бодови и се наоѓа на претпоследната позиција на табелата во Првата лига. Со само една...

Поврзани написи
Останато

Шампионот Струмица го доби дербито со лидерот Штип УГД во градот под Исарот

Актуелниот шампион Струмица со 2-3 во сетови славеше во дербито против лидерот...

Останато

Младите скијачи Стефан Ѓорѓевиќ и Виктор Чакаровски подготвени за новата сезона и предизвиците во Планица

Младите скијачи Стефан Ѓорѓевиќ и Виктор Чакаровски веќе се во Планица, Словенија,...

Останато

Ставре Јада со нови силни настапи на меѓународната ски сцена

Македонскиот репрезентативец Ставре Јада изминатиот викенд забележа одлични резултати на две меѓународни...

ОстанатоФудбалФутсал

ФОТО: Успешен старт на футсал сезоната за средните училишта во Охрид

Во Спортската сала „Билјанини Извори“ денес се одигра првото коло од општинското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!