Ракомет

Македонските кадети обезбедија пласман на Европското првенство 2026 во Србија!

Сподели
ФОТО: Ракометна федерација на Македонија
Сподели

Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија го направи големиот чекор напред – со денешната победа над Луксембург (25-17), нашите млади ракометари обезбедија пласман на Европското првенство 2026, кое ќе се одржи во Србија.

Избраниците на селекторот Горан Кузманоски со овој триумф го потврдија првото место во групата, со што ја заокружија успешната квалификациска кампања. Македонија собра четири бода, исто колку и селекциите на Финска и Грција, но благодарение на подобриот меѓусебен скор, обезбеди директен пласман на континенталниот собир.

  • Сигурна победа за потврда на квалитетот

Македонија одигра сигурно и концентрирано во клучните моменти. По почетните 3-3, нашите кадети почнаа да прават резултатска разлика и на полувреме заминаа со водство 13-9. Во второто полувреме, и покрај краток пад во играта кога домаќинот израмни на 13-13, следуваше серија од неколку брзи голови по која Македонија повторно презеде контрола и стигна до убедливи 25-17.

  • Најдобри поединци и херои на мечот

Најрасположен во нападот беше Бојан Поповски со шест погодоци, додека Ѓеоргиески постигна пет. По четири гола реализираа Вујичевски и Николоски, по два Петрески и Симоновски, а по еднаш се запишаа Ѓеоргиевски и Трсунов.

На голот блескаа Николовски и Фехми, кои во клучни моменти ги запреа ударите од седум метри и ја задржаа предноста.

  • Европското првенство следното лето

Европското првенство ќе се игра во Србија од 29 јули до 9 август 2026 година, а Македонија своите противници ќе ги дознае на ждрепката во почетокот на 2026 година.

  • Радост и гордост во редовите на македонскиот табор

Од Ракометната федерација на Македонија пристигна порака со гордост и емоции.

„Нашите млади ракометари го направија тоа! Со денешната победа против Луксембург (25:17), Македонија обезбеди пласман на Европското првенство 2026 во Србија! Голема радост, силна енергија и огромна гордост – одиме на ЕП со срце за Македонија!“

Македонија уште еднаш докажа дека иднината на нашиот ракомет е светла. Со срце, борбеност и дисциплина – кадетите се заслужено меѓу најдобрите во Европа!

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција. Турнирот...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг од 97:55, во рамки на 8. коло од Првата кошаркарска лига...

Поврзани написи
Ракомет

Мулти Есенс со убедлива победа над Драчево Јуниор

Екипата на Мулти Есенс стигна до 11-тата сезонска победа во Првата ракометна...

Ракомет

Алкалоид пресилен за Радовиш, Бутел се враќа во трка за плејоф, Прилеп со трет триумф

Ново суперлигашко коло донесе убедливи победи, драматични финиши и големи индивидуални партии....

Ракомет

Македонија ЃП го покоси Вардар среде Неготино и го оддалечи од Суперлигата!

Македонија ЃП приреди вистинско изненадување и среде Неготино го совлада фаворизираниот Вардар...

Ракомет

(ВИДЕО) ИСТОРИЈАТА Е ИСПИШАНА: Младост од Богданци е есенски шампион без пораз!

Ракометниот клуб Младост од Богданци испиша нова златна страница во својата богата...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!