Погодоци на сите натпревари од 3. коло во Општинската фудбалска лига во Струмица. Трите бодови останаа во Куклиш, откако екипата на Интер Кукла со 2:1 го доби тимот на Напредок од Радово во меч полн со неизвесности.
Трите бодови остануваат и во Добрејци, тимот на Илинден во израмнет меч со 3:2 го доби Единство од Пиперово.
Третото коло донесе два натпревари кои завршија без победник, односно со поделба на бодовите. Огражден од Ново Село и Слога од радовишко Злеово одиграа 1:1 за делба на бодовите. За екипата на Слога ова е прв бод.
Дрвош и Спартмани од Балдовци ги поделија бодовите откако одиграа 2:2, во борбен меч на двете екипи кои силно ги посакуваа трите бодови.
По три кола само тимот на Интер Кукла има максимален ефект со девет бодови, по седум бодови имаат Дрвош и Спартмани, а пак на 4. место е Илинден од Добрејци со шест бодови. Екипата на Огражден од Ново Село има четири бодови, а пак Слога од Злеово со еден бод е на шестото место.

По три кола без бодови се Единство од Пиперово и Напредок од Радово.
Во следното коло Огражден ќе се соочи со Илинден, тимот на Интер Кукла ќе оди на мегдан со Спартмани, дерби од дното за први бодови ќе играат Единство и Напредок, додека пак Слога ќе игра со Дрвош.