ИнтернационалциФудбал

Љупче Дориев во елемент – гол и асистенција за убедлива победа на Согдиана!

Сподели
Сподели

Љупче Дориев продолжува со впечатливите настапи во узбекистанскиот шампионат. Во убедливата победа на Согдиана над Кизилкум со 3-0, Дориев се истакна со гол и асистенција, потврдувајќи ја својата форма.

Дориев го отвори резултатот уште во 14. минута со прецизно изведен пенал, а подоцна беше клучен асистент на вториот погодок во 34 минута од натпреварот. Со прецизен пас до својот соиграч, Албанецот Рубин Хебај, го постигна вториот гол за тимот.

Ова е 15. гол за Дориев сезонава, а неговата статистика ја надополнуваат и шест асистенции, што го држи на второто место на листата на најдобри стрелци во лигата, веднаш зад Игор Сергеев од Пахтакор, кој има три гола повеќе.

Со ваквата форма, Љупчо Дориев се наметнува како еден од најзначајните играчи во узбекистанската лига и сигурно остава впечаток за можен повик и повраток во македонската репрезентација на Македонија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција. Турнирот...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг од 97:55, во рамки на 8. коло од Првата кошаркарска лига...

Поврзани написи
Фудбал

Висок пораз на битолски Конзули во Кочани – четири гола за Христијан Крстов

Синоќа беше отворено 7. коло во Втората футсал лига со убедливата победа...

ФудбалФутсал

Форца броеше до десет, Проект и Кеги Моби до високи победи!

Фаворитите одиграа според планот – шампионот Форца броеше до десет против Јувентус...

Младински фудбалФудбал

ВИДЕО: Стефан Ристов најдобар играч, Детонит Плачковица блесна на „Football Winter Mini Cup 2025“ во Богданци

Младите таленти на радовишки Детонит Плачковица од генерациите 2014 и 2015 имаа...

Втора лигаФудбал

Митревски: Во Осогово ништо не е случајно!

Есенската полусезона во Втората лига донесе многу причини за радост во Кочани,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!