Останато

Калин Ивановски се враќа на тениските терени, ќе земе учество на турнир во Трнава, Словачка!

Сподели
ФОТО: Тениска федерација на Македонија
Сподели

Калин Ивановски, најдобриот македонски теренис, ќе настапи на ИТФ фјучрсот во Трнава, Словачка, а за противник во првото коло го има 23-годишниот тенисер од Словенија, Филип Џеф Планиншек, кој се наоѓа на 821.то место на АТП листата што е негов најдобар ранг во кариерата, натпревар кој се игра денес.

Македонскиот тенисер немаше настапи оваа година, откако на почетокот на сезоната поради повредата мораше да направи пауза. На Ивановски му беше извршена и операција, а по периодот на рехабилитација тој започна со тренинзи, а веќе од утре стартува и со натпревари, прв за 2024 година.

Ивановски последно играше во ноември месец минатат година на Челинџер турнирите во Јапонија, а во средината на октомври минатата година го имаше најдобиот ранг односно беше на 305. место на АТП листата.

Турнирот во Трнава се игра во сала на тврда подлога и е од рангот М25 со награден фонд од 25.000 долари.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција. Турнирот...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг од 97:55, во рамки на 8. коло од Првата кошаркарска лига...

Поврзани написи
Останато

Шампионот Струмица го доби дербито со лидерот Штип УГД во градот под Исарот

Актуелниот шампион Струмица со 2-3 во сетови славеше во дербито против лидерот...

Останато

Младите скијачи Стефан Ѓорѓевиќ и Виктор Чакаровски подготвени за новата сезона и предизвиците во Планица

Младите скијачи Стефан Ѓорѓевиќ и Виктор Чакаровски веќе се во Планица, Словенија,...

Останато

Ставре Јада со нови силни настапи на меѓународната ски сцена

Македонскиот репрезентативец Ставре Јада изминатиот викенд забележа одлични резултати на две меѓународни...

ОстанатоФудбалФутсал

ФОТО: Успешен старт на футсал сезоната за средните училишта во Охрид

Во Спортската сала „Билјанини Извори“ денес се одигра првото коло од општинското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!