Трета лигаФудбал

Крумислав Ѓоргиев го доби дербито во Турново, Игор Филипов главен во Делчево

Сподели
Сподели

Денес ќе бидат одиграни двата одложени натпревари со што ќе се комплетира седмото и осмото коло во Трета лига – Исток, а со тоа ќе го имаме и конечниот изглед на табелата.

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на овие два одложени натпревари.

Дербито од седмото коло ќе се игра меѓу Хоризонт Турново и Победа Валандово, дерби на две екипи кои претендираат за влез во Втора лига. Крумислав Ѓоргиев од Штип ќе биде главен судија на овој меч, а негови помошници ќе бидат Кристијан Џонов и Ристо Ѓорѓиев, исто така од Штип.

Делегат на средбата која се игра на стадионот „Кукуш“ е биде Коце Харизанов од Штип, а пак контролор еќ биде Кирчо Ѓоргиев од Штип.

Во Делчево ќе се одигра одложениот меч од 8. коло на Трета лига – Исток, а каде Брегалница ќе ја пречека Тиверија од Струмица.

Игор Филипов од Штип ќе биде главен судија на овој натпревар, а негови помошници ќе бидат Дејан Стоиков од Кочани и Ристе Бојчев од Штип.

Делегат на мечот ќе биде Момир Јанчичиќ од Пробиштип, а контролор ќе биде Александар Ангелов од Кочани.


Сподели

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција. Турнирот...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг од 97:55, во рамки на 8. коло од Првата кошаркарска лига...

Поврзани написи
Фудбал

Висок пораз на битолски Конзули во Кочани – четири гола за Христијан Крстов

Синоќа беше отворено 7. коло во Втората футсал лига со убедливата победа...

ФудбалФутсал

Форца броеше до десет, Проект и Кеги Моби до високи победи!

Фаворитите одиграа според планот – шампионот Форца броеше до десет против Јувентус...

Младински фудбалФудбал

ВИДЕО: Стефан Ристов најдобар играч, Детонит Плачковица блесна на „Football Winter Mini Cup 2025“ во Богданци

Младите таленти на радовишки Детонит Плачковица од генерациите 2014 и 2015 имаа...

Втора лигаФудбал

Митревски: Во Осогово ништо не е случајно!

Есенската полусезона во Втората лига донесе многу причини за радост во Кочани,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!