Прва лигаФудбал

Возбудлив меч во Струмица – Шкендија со тешко изборена победа против Брера

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија
Сподели

Шкендија со многу мака, но и со потребната доза искуство, успеа да ја совлада Брера Струмица со 3-2 на гостински терен, во натпревар исполнет со пресврти, шанси и неизвесност до последниот свиреж. Иако шампионот на Македонија имаше убедливо водство по првото полувреме, домашниот тим во продолжението одигра храбро и покажа дека заслужено се натпреварува во елитата.

Тетовци поведоа во 12. минута кога Фитон Адеми ја искористи несигурноста на младиот голман Илоски и со глава ја затресе мрежата за 0-1. Само петнаесетина минути подоцна, Ване Крстевски, кој ова лето пристигна токму од Брера, со убав удар во спротивниот агол го зголеми водството на 0-2. До одморот, гостите беа поблиску до трет погодок, но одличната реакција на Илоски го задржа резултатот активен.

Вториот дел донесе многу повеќе драма. Во 54. минута Ндзенгуе ја искористи грешката на одбраната на Шкендија и намали на 1-2, враќајќи надеж за домашните. Сепак, само шест минути подоцна, Красниќи по додавање од Трумчи повторно донесе сигурна предност од два гола за тетовскиот тим.

Ндзенгуе во 63. минута имаше шанса да го врати тимот во игра, но не успеа да реализира пенал – Гаје одбрани. Напаѓачот на Брера сепак се извади во 70. минута, кога избегна офсајд-замка и погоди за 2-3. Голот беше накратко поништен, но по преглед со ВАР, сепак беше признат.

Во последните минути, Брера тргна по израмнување и можеше да направи вистинска сензација. Најпрво Ндзенгуе во судиското надополнување не успеа да погоди од непосредна близина, а потоа Величковски со глава биеше крај левиот дирек – и тоа беше последната шанса за бод против шампионот.

Шкендија на крајот ја запиша посакуваната победа и по две средби без триумф се врати на победнички пат во Првата македонска фудбалска лига. Брера, пак, може да жали што не награди барем со еден бод храбрата и борбена игра, особено во вториот дел.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Шампион немоќен против Текстилец, но Давид Јовчевски постигна 18 гола!

Екипата на Текстилец со убедливи 36:48 славеше на гостински терен кај тимот на Шампион во рамки на 13. коло на Првата ракометна лига,...

ФудбалЧетврта лига

ФК Интер Кукла го оживува духот на Куклиш – „Стари vs. Млади“ ќе го обедини сето фудбалско семејство

Во Куклиш владее вистинска фудбалска еуфорија пред големиот пријателски спектакл што го организира ФК Интер Кукла. На 14 декември (недела), клубот ќе биде...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФК Интер Кукла го оживува духот на Куклиш – „Стари vs. Млади“ ќе го обедини сето фудбалско семејство

Во Куклиш владее вистинска фудбалска еуфорија пред големиот пријателски спектакл што го...

Втора лигаФудбал

ФОТО НА ДЕНОТ: Охрид е есенски шампион во Втора лига

Охрид е есенски шампион во Втората македонска фудбалска лига – „рибарите“ ја...

Трета лигаФудбал

Превалец е есенски шампион во Трета лига – Југ, Росоман со победа ја заврши 2025 година!

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига –...

Прва лигаФудбал

Силекс и Брера со големи гостински победи – Работнички и Шкупи во длабока криза пред зимската пауза

Последното коло во есенскиот дел од Првата македонска лига донесе јасна слика...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!