Останато

Милијана Релиќ деветта на Светското првенство во таеквондо во Кина

Сподели
ФОТО: Instagram Aleksandar Eftimov
Сподели

Нашата најдобра таеквондо натпреварувачка Милијана Рељиќ го освои деветтото место на Светското првенство Г-14 кое се одржа во Вукси, Кина.

Благодарение на високата позиција на ранг-листата, Рељиќ беше слободна во првото коло, а во второто ја совлада Бразилката Селидиене Карнеиро. Во борбата за пласман меѓу најдобрите осум, таа беше поразена од домашната натпреварувачка Ксимин Чен.

Според тренерот Александар Ефтимов, резултатот не ја отсликува реалната состојба, бидејќи борбата била под влијание на нефер судиски одлуки, а Мила настапила и со повреда добиена во претходниот меч.

 Да не се здобиевме со силната повреда против Бразил, ќе имавме многу подоминантна борба против Кина и сигурно ќе стигневме до медал. Мила едвај можеше да се движи, но за среќа имавме три часа пауза за малку да се опорави. Со десната нога речиси не можеше ниту да удри, па направивме тактика само со лева нога и со боксови. Првата рунда беше нерешена, но судиите не доделија ниту еден поен за шест чисти удари со рака, кои не ги регистрира електронскиот систем, туку страничните судии – изјави Ефтимов.

Со освоеното деветто место, Рељиќ доби 21.17 поени за олимписката ранг-листа во квалификациите за Летните олимписки игри Лос Анџелес 2028.

Овие бодови ја позиционираат меѓу 20 најдобри натпреварувачки во светот, а целта е да остане во првите 32 до јуни 2026 година, што ќе и овозможи настап на четирите Гранд при Г-6 турнири, кои носат значителен број бодови за олимписка норма.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција. Турнирот...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг од 97:55, во рамки на 8. коло од Првата кошаркарска лига...

Поврзани написи
Останато

Шампионот Струмица го доби дербито со лидерот Штип УГД во градот под Исарот

Актуелниот шампион Струмица со 2-3 во сетови славеше во дербито против лидерот...

Останато

Младите скијачи Стефан Ѓорѓевиќ и Виктор Чакаровски подготвени за новата сезона и предизвиците во Планица

Младите скијачи Стефан Ѓорѓевиќ и Виктор Чакаровски веќе се во Планица, Словенија,...

Останато

Ставре Јада со нови силни настапи на меѓународната ски сцена

Македонскиот репрезентативец Ставре Јада изминатиот викенд забележа одлични резултати на две меѓународни...

ОстанатоФудбалФутсал

ФОТО: Успешен старт на футсал сезоната за средните училишта во Охрид

Во Спортската сала „Билјанини Извори“ денес се одигра првото коло од општинското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!