Прва женска фудбалска лигаФудбал

Спасова патува во Македонска Каменица, Павловиќ ќе им суди на Истатов и Љуботен

Сподели
Сподели

Утре ќе бидат одиграни натпреварите од вонредното 10. коло на Првата женска фудбалска лига. Делегирани се и судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од оваа рунда.

Средбата меѓу Тиверија Брера и Топ Гол ќе ја суди Јован Јованоски, а негови помошници ќе бидат Славе Станисавовски и Петар Манчев, додека пак Органчо Ангелов ќе биде контолор.

Кочани на домашен терен ќе има тежок меч против големиот фаворит Скопје, а главен судија на овој меч ќе биде Ангел Гелов, а негови помошници ќе бидат Тоше Ицев и Душко Панов, а пак контролор ќе биде Бранко Величковски.

Каменица Саса како фаворит ќе го пречека тимот на Речица, а за правдата ќе биде задолжена Александра Спасова, а нејзини асистенти ќе бидат Александар Ајдаров и Андреј Ќамилов, додека пак Винко Смокварски ќе биде контролор.

Во Пржино ќе се соочат Истатов и шампионот Љуботен, а правда на овој меч ќе дели Борче Павловиќ со помошниците Елена Соклевска Илиевски и Тамара Цветановиќ, а пак Дејан Неделкоски ќе биде контролор.

Вардар на домашен терен ќе има тешка задача против големиот фаворит Ас Јунајтед од Струга. На овој натпревар Дејан Младеновски ќе биде главен судија, а негови помошници ќе бидат Цветанка Савеска и Стефан Стојановски, а пак контролор ќе биде Коле Василев.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Шампион немоќен против Текстилец, но Давид Јовчевски постигна 18 гола!

Екипата на Текстилец со убедливи 36:48 славеше на гостински терен кај тимот на Шампион во рамки на 13. коло на Првата ракометна лига,...

ФудбалЧетврта лига

ФК Интер Кукла го оживува духот на Куклиш – „Стари vs. Млади“ ќе го обедини сето фудбалско семејство

Во Куклиш владее вистинска фудбалска еуфорија пред големиот пријателски спектакл што го организира ФК Интер Кукла. На 14 декември (недела), клубот ќе биде...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФК Интер Кукла го оживува духот на Куклиш – „Стари vs. Млади“ ќе го обедини сето фудбалско семејство

Во Куклиш владее вистинска фудбалска еуфорија пред големиот пријателски спектакл што го...

Втора лигаФудбал

ФОТО НА ДЕНОТ: Охрид е есенски шампион во Втора лига

Охрид е есенски шампион во Втората македонска фудбалска лига – „рибарите“ ја...

Трета лигаФудбал

Превалец е есенски шампион во Трета лига – Југ, Росоман со победа ја заврши 2025 година!

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига –...

Прва лигаФудбал

Силекс и Брера со големи гостински победи – Работнички и Шкупи во длабока криза пред зимската пауза

Последното коло во есенскиот дел од Првата македонска лига донесе јасна слика...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!