Останато

Наковски Волеј без изненадување во Чешка – Острава пресилна на дебито на струмичанки во Европа

Сподели
ФОТО: ОК Наковски Волеј
Сподели

Историскиот настап на Наковски Волеј во европските натпреварувања не донесе позитивен резултат, откако македонскиот претставник загуби со 3:0 (25:13, 25:9, 25:10) на гостувањето кај чешката Острава во првиот натпревар од квалификациите за ЦЕВ Челинџ Купот.

Иако дебитантките од Струмица влегоа мотивирано и без притисок, искусниот чешки тим брзо ја наметна својата доминација и не дозволи неизвесност во ниту еден сет. Острава ја користеше својата физичка надмоќ и стабилен прием, додека струмичанки тешко доаѓаа до поени од втора топка.

Најефикасна во редовите на Наковски Волеј беше репрезентативката Лиља Ковачевиќ со 7 поени, а по 4 реализираа Мила Долдурова, Ивана Милева и Ива Стојковска. И покрај поразот, тренерот Александар Митев може да биде задоволен од борбеноста и искуството што ќе му помогне на младиот тим во понатамошниот развој.

Реваншот е закажан за 5 ноември во салата „Парк“ во Струмица, каде македонскиот состав ќе се обиде да остави подобар впечаток пред својата публика и да го искористи домашниот терен за да покаже дека заслужено е дел од европската одбојкарска сцена.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Шампион немоќен против Текстилец, но Давид Јовчевски постигна 18 гола!

Екипата на Текстилец со убедливи 36:48 славеше на гостински терен кај тимот на Шампион во рамки на 13. коло на Првата ракометна лига,...

ФудбалЧетврта лига

ФК Интер Кукла го оживува духот на Куклиш – „Стари vs. Млади“ ќе го обедини сето фудбалско семејство

Во Куклиш владее вистинска фудбалска еуфорија пред големиот пријателски спектакл што го организира ФК Интер Кукла. На 14 декември (недела), клубот ќе биде...

Поврзани написи
Останато

Шампионот Струмица го доби дербито со лидерот Штип УГД во градот под Исарот

Актуелниот шампион Струмица со 2-3 во сетови славеше во дербито против лидерот...

Останато

Младите скијачи Стефан Ѓорѓевиќ и Виктор Чакаровски подготвени за новата сезона и предизвиците во Планица

Младите скијачи Стефан Ѓорѓевиќ и Виктор Чакаровски веќе се во Планица, Словенија,...

Останато

Ставре Јада со нови силни настапи на меѓународната ски сцена

Македонскиот репрезентативец Ставре Јада изминатиот викенд забележа одлични резултати на две меѓународни...

ОстанатоФудбалФутсал

ФОТО: Успешен старт на футсал сезоната за средните училишта во Охрид

Во Спортската сала „Билјанини Извори“ денес се одигра првото коло од општинското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!