Некогашниот второлигаш Кадино конечно дојде до триумф, откако на домашен терен во рамки на вонредното 9. коло на Трета лига – Север, кое се одигра денес славеше со 4:2 над Беса од Сарај. Двојни стрелци за Кадино беа Матеј Стаменковски и Марио Благојевски, а пак за гостинот двапати погоди Зирап Имери.
Во големото дерби меѓу БВК Коњаре и Еуромилк ГЛ подобар беше некогашниот прволигаш со 2:3, а тимот од Горно Лисиче го слави името на Никола Анчевски кој беше двоен стрелец.
Токму Анчевски во 10. минута го отвори резултатот за водство на Еуромилк ГЛ, а во 35. минута Елмир Алији го израмни резултатот на 1:1. Сепак, Анчевски со втор гол во 42. минута обезбеди нова предност од 1:2 на полувреме за Еуромилк ГЛ.
Во второто полувреме гостинот дојде до предност од 1:3 преку Ахмед Бакијов во 78. минута, а само четири минути подоцна Муадх Куртиш само го ублажи поразот на конечните 2:3.
Фортуна преку пресврт славеше над Отља на гостински терен со резултат од 1:2, откако домашниот тим го отвори резултатот по три минути игра со голот на Буњамин Фетаи, а пак во 7. минута Иљми Кадриу постигна гол за 1:1. Во вториот дел Кадриу со втор гол направи пресврт и обезбеди три бода за Фортуна.
Башкими Љуботен со 3:0 славеше над Студеничани, во меч каде трите гола беа постигнати во второто полувреме. Хамити, Арифи и Рамадани беа стрелци.
Новиот третолигаш Лопати успеа да извлече бод во дуелот со фаворитот Пчиња, откако одигра 1:1. Шенур Незири во 25. минута го отвори резултатот за водство на домаќинот, а пак на пет минути пред крајот на првиот дел Николче Стојановски постигна гол за конечни 1:1 и делба на бодовите.
Стефан Богдановски го реши дербито меѓу Аеродром и Куманово, откако со два погодоци обезбеди три бода за неговиот тим во меч кој заврши со резултат од 2:1.
Куманово го забележа првиот сезонски пораз, а стрелец на погодокот беше Никола Стевчевски, кој погоди во 41. минута, а пак Богдановски во вториот дел со два гола го реши мечот.
Ржаничино со убедливи 6:1 ја декласираше Беса од Слупчане, која немаше сили да му парира на расположението домаќин. Халил Калач беше стрелец на три гола, двоен стрелец пак беше Никола Петковски, а пак Мартин Лазев погоди во вториот дел. За гостинот Сунај Демири беше единствениот стрелец, кој стрелаше во 60. минута.
Во однос на самата табела на врвот со 25 бодови е Еуромилк ГЛ, а по 20 бодови имаат Пчиња и Аеродром кои го делат второто место, а пак Куманово е четврти со 19 бодови. На дното без бодови останува Отља.