Лидерот на табелата во Втората лига, Брегалница, натпреварот со Детонит Плачковица од 9. коло на Втора лига ќе го одигра под рефлектори односно во вечерен термин од 17 часот на Градскиот стадион во Штип.
Ова ќе биде дерби натпревар на штипскиот и радовишкиот второлигаш, а воедно ќе биде соочување на два штипски тренери – Влатко Костов против Горан Здравков.
Ова е втор натпревар под рефлектори во Штип сезонава, откако претходно „сините“ во вечерен термин играа против Скопје, меч кој го добија со 2:0. Дополнително, западната трибина е отворена за посетителите, љубителите на фудбалот, па со тоа може да ја користат новата трибина и да го бодрат штипскиот тим. Останатите натпревари од 9. коло се играат во дневен термин од 13:30 часот.