Прва лигаФудбал

Доне Ристовски главен на Пелистер – Тиквеш, Грујоски патува во Струмица, Бафто го доби дербито Вардар-Силекс

Сподели
Сподели

Утре ќе биде отворено 11. коло од Првата македонска фудбaлска лига а со тоа ги имаме и официјалните лица и судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите.

Првиот натпревар утре ќе се одигра во Гостивар, каде Арсими ќе го пречека Работнички со почеток од 13:30 часот. Главен судија на мечот е Влатко Илиоски од Прилеп, а ќе му помагаат Иле Мишески и Борис Трајков, исто така од Прилеп. За четврт судија е назначен Кирил Смоквоски, додека во ВАР собата ќе бидат искусните Доне Ристовски од Гевгелија и Тоше Ицев од Кавадарци. Оператор за повторување снимка е Петар Стојановски, делегат на натпреварот Дејан Боневски, а контролор Марјан Кировски од Скопје.

Во вториот натпревар за утре, Ѓорче Петров на домашен терен ќе го пречека Башкими, исто со почеток од 13:30 часот. Главен судија ќе биде Бењамин Ќерими од Скопје, а негови помошници се Александар Ѓорески и Идриз Идризи, додека четврти судија е Фуркан Идризи, сите од Тетово. Во ВАР собата ќе бидат Стојанче Стојанов и Кристијан Џонов од Штип, оператор на снимка е Деан Стефков, делегат Венцо Зафиров од Штип, а контролор Тони Глигоров од Струмица.

Во четврток на програмата се уште два натпревари. Во Скопје, на стадионот во Чаир, Шкупи ќе ја пречека Струга Трим Лум (13:30 ч.). Главен судија е Благојче Ралевски од Битола, со помошници Владимир Митревски (Битола) и Бојан Ивановски (Скопје). Четврти судија е Марјан Младеновски (Скопје), додека во ВАР собата ќе бидат Александар Урошевиќ од Тетово и Вјолца Изеири од Гостивар. Оператор на снимка е Жарко Пејковски, делегат Сулејман Ибиши (Тетово), а контролор Крсте Даниловски од Скопје.

Во Битола, под рефлектори, од 17:00 часот ќе се одигра дербито меѓу Пелистер и Тиквеш. Главен судија е Доне Ристовски од Гевгелија, со помошници Дино Конески од Прилеп и Роберт Црвенов од Велес. Четврти судија ќе биде Боби Величков, во ВАР собата ќе бидат Никола Костенчев и Дарко Видиниќ (Скопје), оператор на снимка Диме Димовски, делегат Хајро Бабачиќ, а контролор Сашо Лазаревски.

Во петок во Струмица ќе се сретнат Брера Струмица и Шкендија (13:30 ч.). Главен судија е Александар Грујоски од Кичево, а ќе му помагаат Зоран Јанкуловски и Куштрим Лика, додека четврти судија е Марјан Стојановски, сите од Кичево. Во ВАР собата се Стојанче Трпчевски (Скопје) и Мартин Дејаноски (Кичево), оператор Петар Мукоски, делегат Благојче Ангелески, а контролор Џенан Хајдари од Скопје.

Последниот натпревар од колото ќе се одигра исто така во Скопје меѓу Вардар и Силекс, со почеток во 13:30 часот. За главен судија е назначен Фатмир Бафто од Охрид, помошници се Горан Балески и Разме Бакрачевски, а четврти судија е Јован Качевски (Струга). Во ВАР собата ќе бидат Игор Стојчевски и Гоце Петрески (Скопје), оператор на снимка Виктор Васев, делегат Славе Ѓоргоски, а контролор Делчо Јакимовски од Скопје.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Што ќе донесат денешните натпревари во Виница и Големо Коњари?

Пополека доаѓа моментот за комплетирање на 15. коло на Втората лига кое е последно за есенската полусезона, а со тоа да го имаме...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Големо Коњари – Тетекс

„Фенерџијата“ Големо Коњари на домашен терен ќе го пречека тимот на Тетекс кој ќе биде фаворит во рамки на последното есенско коло на...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Што ќе донесат денешните натпревари во Виница и Големо Коњари?

Пополека доаѓа моментот за комплетирање на 15. коло на Втората лига кое...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Големо Коњари – Тетекс

„Фенерџијата“ Големо Коњари на домашен терен ќе го пречека тимот на Тетекс...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Слога Виница – Охрид

Денес на Градскиот стадион во Виница се игра мечот од 15. коло...

Фудбал

Висок пораз на битолски Конзули во Кочани – четири гола за Христијан Крстов

Синоќа беше отворено 7. коло во Втората футсал лига со убедливата победа...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!