Прва лигаФудбал

Борче Христов е нов тренер на ФК Тиквеш!

Сподели
ФОТО: ГФК Тиквеш
Сподели

Фудбалскиот клуб Тиквеш именува нов шеф на стручниот штаб — Борче Христов. Тој доаѓа на местото на Ѓорги Мојсов, кој си поднесе оставка по поразот од Арсими во 10 коло од Првата македонска фудбалска лига.

Раководството на клубот брзо реагираше и ја донесе одлуката клупата да му ја довери на искусниот 55-годишен стратег, кој зад себе има богато тренерско искуство. Покрај азербејџанскиот клуб Зира, Христов во својата кариера беше тренер и на Шкендија, Македонија ЃП, Еуромилк ГЛ, Борец и Работнички во македонскиот шампионат, како и во азербејџанскиот Карабах.

Дополнително, тој беше и спортски директор на академијата на Вардар, како и дел од Одделот за фудбалски развој при Фудбалската федерација на Македонија.

Од Христов се очекува да внесе нова енергија, дисциплина и поголема борбеност во тимот, со цел Тиквеш да се врати на победничките патеки и да се оддалечи од долниот дел на табелата. Своето деби на клупата ќе го има во четврток на гостински терен во Битола против екипата на ФК Пелистер, со почеток од 17:00 часот под рефлектори.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Што ќе донесат денешните натпревари во Виница и Големо Коњари?

Пополека доаѓа моментот за комплетирање на 15. коло на Втората лига кое е последно за есенската полусезона, а со тоа да го имаме...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Големо Коњари – Тетекс

„Фенерџијата“ Големо Коњари на домашен терен ќе го пречека тимот на Тетекс кој ќе биде фаворит во рамки на последното есенско коло на...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Што ќе донесат денешните натпревари во Виница и Големо Коњари?

Пополека доаѓа моментот за комплетирање на 15. коло на Втората лига кое...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Големо Коњари – Тетекс

„Фенерџијата“ Големо Коњари на домашен терен ќе го пречека тимот на Тетекс...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Слога Виница – Охрид

Денес на Градскиот стадион во Виница се игра мечот од 15. коло...

Фудбал

Висок пораз на битолски Конзули во Кочани – четири гола за Христијан Крстов

Синоќа беше отворено 7. коло во Втората футсал лига со убедливата победа...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!