Фудбал

Масар Омерагиќ и Леонид Јандреоски со нови функции во ФИФА

Сподели
ФОТО:ФФМ
Сподели

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, е именуван за член на Олимпискиот фудбалски комитет на ФИФА – тело кое функционира под покровителство на Советот на ФИФА и има клучна улога во развојот и координацијата на фудбалот во рамки на Олимписките игри.

Комитетот, со кој претседава Самир Шауд од Бразил, има задача да соработува со Меѓународниот олимписки комитет (МОК) во сите прашања поврзани со организацијата и промоцијата на фудбалот на Олимпијадите. Заменик-претседател е Мустафа Раџи од Либерија, а меѓу членовите се истакнати фудбалски функционери од целиот свет – меѓу кои и Кохзо Ташима (Јапонија), Чармејн Крукс (Канада), Хрисостомос Гкагкатсис (Грција), Шеик Ахмад Јусеф Ал Сабах (Кувајт), Бранко Радујко (Србија) и Хелга Хелгадотир (Исланд).

Покрај тоа, Генералниот секретар на ФФМ, Леонид Јандреоски, е назначен за член на Комисијата за медиуми и комуникации на ФИФА. Ова тело има цел да ги развива и унапредува стратешките насоки на светската фудбалска федерација во областа на медиумите, дигиталната комуникација и односите со јавноста. Со Комисијата претседава Јасин Идрис Диало (Брег на Слоновата Коска), а негов заменик е Армен Меликбекјан (Ерменија).

Меѓу членовите се наоѓаат и истакнати професионалци од повеќе земји: Фатма Ал Нуими (Катар), Ајишат Фалоде (Нигерија), Ноел Муни (Велс), Хелена Пиреш (Португалија), Аманда Вандерворд (САД) и Тони Ванг (Тајван).

Именувањето на Масар Омерагиќ и Леонид Јандреоски во значајни комитети на ФИФА претставува големо признание за македонскиот фудбал и за работата на Фудбалската федерација на Македонија, потврдувајќи го угледот и влијанието на земјата во рамките на светската фудбалска организација.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција. Турнирот...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг од 97:55, во рамки на 8. коло од Првата кошаркарска лига...

Поврзани написи
Фудбал

Висок пораз на битолски Конзули во Кочани – четири гола за Христијан Крстов

Синоќа беше отворено 7. коло во Втората футсал лига со убедливата победа...

ФудбалФутсал

Форца броеше до десет, Проект и Кеги Моби до високи победи!

Фаворитите одиграа според планот – шампионот Форца броеше до десет против Јувентус...

Младински фудбалФудбал

ВИДЕО: Стефан Ристов најдобар играч, Детонит Плачковица блесна на „Football Winter Mini Cup 2025“ во Богданци

Младите таленти на радовишки Детонит Плачковица од генерациите 2014 и 2015 имаа...

Втора лигаФудбал

Митревски: Во Осогово ништо не е случајно!

Есенската полусезона во Втората лига донесе многу причини за радост во Кочани,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!