Бутел вечерва одигра одличен натпревар и триумфираше среде Кавадарци над Клими со високи 1:3, во меч од 1. коло на Првата футсал лига.
Само три минути му беа потребни на скопскиот тим да го отвори резултатот во Кавадарци за водство од 0:1. До крајот на првиот дел Клими бараше шанса за израмнување, а Бутел притискаше за втор гол.
Во вториот дел Никола Силјановски зголеми на 0:2 во 26. минута од мечот, а во 35. минута Петар Лазовски зголеми на 0:3 со што веќе беше решено дека бодовите одат на контото на Бутел.
Сепак, по само една минута Мартин Никовиќ постигна гол, но тоа беше само за ублажување на поразот.
Колото ќе се затвори со дербито меѓу Проект и Форца, кое беше одложено поради европските обврски на шампионот.
Како што веќе информираше Спортска Мрежа, Балкан загуби од Кеги Моби со 4:8, Мал Ајакс дома беше поразен од Јувентус Серава, а пак Шкупи го доби Осогово со 7:5.